• Latest

Министерството за финансии најави засилена борба против нелојалната конкуренција во е-трговијата

October 14, 2019
Скриншот од страницата на окружниот совет Лудвигслуст-Пархим

Германската крајно десничарска партија AфД во Лудвигслуст има руска е-мајл адреса

November 18, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Двајца Украинци кои работеле за руското разузнавање осомничени дека стојат зад саботажата на железничката пруга во Полска

November 18, 2025
Александар Вучиќ (кафеав елек) со Воислав Шешељ над Сараево за време на српската опсада. Скриншот од видео на Sandžak Avaz

Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

November 18, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии најави засилена борба против нелојалната конкуренција во е-трговијата

October 14, 2019 15:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии во соработка со Управата за јавни приходи, Царинската управа и Финаисиската полиција најавува засилени активности во борбата против нелојалната конкуренција во е-трговијата.

Се најавуваат засилени контроли на оние поединци кои не се регистрирани во системот, подготвување на конкретен акциски план, како и изработка на платформа каде ќе се пријавуваат нерегистрираните продавачи.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, потребна е взаемна соработка на сите засегати страни со цел да се сузбие сивата економија во овој сектор и да се заштитат институциите, реалниот сектор и купувачите.

„Ќе формираме работна група затоа што од една страна производите влегуваат на пазарот, од друга страна има некој кој ги продава овие производи на социјалните мрежи, а од трета страна го имаме купувачот кој ги купува производите, а за тоа не добива фискална сметка. На крајот се сведува на тоа купувачот, кој не е задоволен, да поднесе жалба до Државниот пазарен инспекторат, кој не може да реагира, бидејќи нема фискална сметка. Мораме и на крајните потрошувачи да им обратиме внимание да внимаваат од каде порачуваат, за сите заедно да ги заштитиме и купувачите, и институциите и да му помогнеме на реалниот сектор“, изјави Ангеловска по денешната тркалезна маса за сузбивање на даночната евазија во е-трговијата.

Наскоро, како што најави таа, се очекува да биде поставен и скенер во Поштата за да може сите пратки кои пристигнуваат да не зависат само од мануелната проверка на поединци.

И од Управата за јавни приходи велат дека постојано вршат засилени контроли, а од финансиската полиција посочуваат дека постапувале во вакви случаи.

 

Според податоците на Народна банка, во земјава има околу 960 регистрирани електронски трговци, но нема точни податоци за бројот на нерегистрирани е-трговци кои нудат и продаваат производи преку социјалните мрежи. Генерално, сивата економија во земјата е околу 30 проценти, а во овој процент влегува и нелојалната конкуренција во е-трговијата.

Електронската трговија станува се поприсутна кај нас. Податоците на Асоцијацијата за електронска трговија покажуваат дека минатата година за 26 проценти пораснал обемот на плаќање со картички на електронски продавници односно оти тој во првото полугодие од годината изнесува 86 милиони евра.


извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ