• Latest

Министерството за финансии започнува реформа за унапредување на фискалната децентрализација

March 17, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии започнува реформа за унапредување на фискалната децентрализација

March 17, 2021 10:16
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа – ова се трите столба од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, процес кој го спроведува Министерството за финансии и за кој достави информација до Владата која беше разгледана и усвоена на вчерашната владина седница, соопштија од Министерството.

По ова ќе следи процес на јавни консултации и расправа со ЗЕЛС и засегнатите страни, а во координација со Работната група за продолжување на процесот на децентрализација формирана од страна на Владата во која учествуваат министерствата за политички систем, за финансии, за локална самоуправа и ЗЕЛС.

Илустрација: Министерство за финансии

Првиот столб, или подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, ќе се спроведе преку повеќе активности кои предвидуваат раст на средствата кои им се распределуваат на општините од наплатените давачки во цетралниот буџет, зголемување на сопствените приходи на општини и формирање на фондови кои ќе го поддржуваат добриот перформанс.

Планирано е постепено зголемување на процентот кој го добиваат општините од приходите од персонален данок на доход, наплатен од физичките лица пријавени со постојано живеалиште и престојувалиште во општината.

Исто така, постепено ќе се зголемува и стапката на дотација од наплатениот ДДВ, согласно перформансот на општините. Имено, планирано е формирање на два фонда – Фонд за перформанси и Фонд за воедначување. Општините кои покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од Фондот за перформанси, а од Фондот за воедначување ќе се обезбедат средства за општините кои имаат пониски приходи, но истите покажуваат фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Ќе се дејствува и кон зголемување на сопствените приходи на општините и кон изнаоѓање на нови локални приходи според добрите практики од ЕУ и подобрување на критериумите за распределба на доделените средства за пренесените надлежности во областа на основното и средното образование, култура, детска заштита и заштита на стари лица и противпожарна заштита.

Вториот столб кој е во насока на зголемување на финансиска дисциплина на општините, намалување на долговите и домаќинско работење, предвидува активости во насока на мерки за реално планирање на приходите и расходите на општините, рационализација во работењето и намалување на непотребните расходи, редовно сервисирање на долговите, поголема финансиска дисциплина, процедури за прогласување на финансиска нестабилност, издавање на општинска обврзница и анализа на постојните обврски на општините и јавните претпријатија.

Во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста – ќе се зголеми контролата од страна на државата, особено на Финансиската инспекција во поглед на Законот за пријавување и евиденција на обврските и пријави за непочитување за Законот за финансиска дисциплина, ќе се носат мерки за зголемување на транспаретноста на општините преку објавување на финансиските извештаи на транспаретен и разбирлив начин, а ќе се дејствува и кон поголема отчетност за користење на буџетските средства.

Еден од приоритетите во Програмата на Владата за 2020-2024 е продолжување на процесот на децентрализација, во насока на повисока демократизација, подобри јавни услуги и засилен локален развој. Целта е надлежностите да се пренесат на нивото на управување кое е најблиско до граѓаните. Во наредниот период ќе се продолжи со политиките за развој на општините, односно фискална децентрализација и рамномерен регионален развој, со цел зајакнување на финансиските извори на општините, но воедно и зголемување на одговорноста и транспарентноста на нивното работење.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ