• Latest

Мицевски: Национализмот не смее да биде алатка за доаѓање на власт

October 24, 2020
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Мицевски: Национализмот не смее да биде алатка за доаѓање на власт

October 24, 2020 11:40
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Со градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, разговаравме за моменталната политичка состојба во земјата постизборно с о формирањето на Влада, кои се очекувањата, прогнозите за локалните избори 2020, како и за европските вредности и перспективи.

ЦИВИЛ Медиа : Која е вашата оценка за политичките состојби

Мицевски: Владејачката коалиција, којашто доби мнозинство на овие избори, и доби несебична поддршка не само од мнозинството граѓани и од државата, туку и од меѓународниот фактор, е добар показател и сигнал по кој правец треба да се движиме. Членството во НАТО, само една од потврдите на вистинскиот и правилниот курс на она што го правиме како држава. Од друга страна, она што е отпочнување на претпристапните преговори со Европската Унија, е можеби само најмалиот чекор, предизвиците допрва  претстојат, затоа што таму немаме можност едноставно да бегаме од обврските, туку мораме да го правиме она што е прилагодување и почитување на законската регулатива, и истата да ја спроведеме и да ја  демонстрираме на дело. Така што, немаме простор за импровизација, немаме простор за калкулација, туку ни претстои еден долг и можеби и макотрпен процес на одење по тој пат затоа што така ќе се коригираме. И како држава, и како систем, и како поединци.

ЦИВИЛ Медиа: До локалните избори има уште една година. Кои се вашите прогнози?

Мицевски: Не сакам да звучам како да правам промоција на сето она што во моментов го правиме како општина, или како регион, но, што се однесува до моето непосредно опкружување,  инвестициите што ги имаме во регионалната инфраструктура како град на централната точка на Коридорот 8, она што можеби го имате забележано при вашето доаѓање, изградбата на експресниот пат, обезбедувањето на средства, коишто се веќе потврдени на последната средба со еврокомесарот за  железничката пруга, рехабилитација на патниот правец од Куманово до Крива Паланка, изградбата на трета лента кон граничниот премин „Деве Баир“, којшто е во полн ек, изградба на регионалниот патен правец којшто е од Тораница кон Саса… Она што е локална инфраструктура во којашто во услови на пандемија оваа година инвестиравме огромен број на километри во патна мрежа.  Довод на канализациска мрежа, сето она што го правиме како инфраструктура тука, спортски терени, само оваа година имаме шест седум терени коишто се во фаза на изградба или се завршени. Реконструкција на градскиот парк и плоштад, уредување на речното корито, инвестирање во други сегменти, во институциите, како што се образование, затоа што имаме инвестиции по триесет- четириесет години  во некои сегменти, и тоа е навистина нешто што не и се случило на Крива Паланка во изминатите политички циклуси, или гарнитури. Секако, заслугата не е само на општината, моја како градоначалник, има тука придонес од централната власт, Владата на Република Северна Македонија, затоа што имаше слух за потребите на граѓаните во овој регион. Но, и ние како одговорна локална самоуправа којашто и во услови на пандемија од КОВИД – 19, навистина, оваа година имавме највисок буџет досега, и тие буџетски средства ги користиме максимално продуктивно, и онаму каде што се најнеопходни. Граѓаните тоа го гледаат, и сметам дека таа поддршка не би требало да изостане и на следните избори, затоа што ние покажавме дека за три години можеме да направиме драстични промени. И не само во сферата на инфраструктурата туку и во сферата на социјалната заштита, каде што се инвестирани над петнаесет милиони денари, во сферата на образованието, каде се инвестираат можеби повеќе од петнаесет милиони денари. Проектите во најава, коишто се обезбедуваат преку нашите пријателски релации,  со дипломатските претставништва, како што е Јапонската амбасада пред неколку дена, Норвешката амбасада, Европската Комисија, програмите од ИПА за прекугранична соработка, и по друга основа… Покажуваме дека има други средства, но треба правилен начин и пристап со добро подготвени проекти и техничка документација да се аплицира за нив, и истите да бидат искористени. Сето она што го правиме, го правиме за доброто на граѓаните, и јас се надевам дека таа чесна, напорна и посветена работа ќе биде препознаена и оценета. Разликата од порано и сега е тоа што институцијата е отворен буквално за сите, сите можат да дојдат и да постават прашање и да добијат одговор во однос на се што ги мачи, можеби понекогаш и не во контекст на она што е опис и попис на секојдневното работење, но сепак сакаме да покажеме една приземјеност, и опуштеност во широките граѓански маси затоа што вистинските предлози доаѓаат од нив и таму треба да се даде и повратна информација или резултат. А несомнено, ова што го зборувам, го потврдува и истражувањето на Центарот за граѓански комуникации којшто во анализата што ја направи оваа година, во индексот на транспарентност, за сите општини и институциите коишто беа опфатени како министерства, Влада и слично, Општина Крива Паланка се наоѓа на високото трето место помеѓу сите општини, а е четврта во ранг на сите министерства и локални самоуправи. Така што за нас ова е едно солидно признание и јас се надевам дека со целосната транспарентност, отвореноста, директниот пренос на седниците, директната вклученост на јавноста во креирањето на одлуките, прифаќањето на сите информации коишто ги добиваме, и инкорпорирање на тековните годишни програми, во согласност со буџетите што ни се на располагање, се надевам дека ќе даде резултат, некои  тоа го препознаваат, некои можеби се уште гледаат скептично на тоа дека можеби политичките игри во позадина ќе донесат резултат и ќе ги вратат на власт… За жал, моите прогнози се дека еве, и на следните избори, таа поддршка од граѓаните ќе продолжи, во насока на тоа да градиме општество и систем во државата којшто ќе биде и економски поволен за сите нас, но и признаен од нашите европски пријатели, од соседите, и тие релации ќе се развиваат во позитивна насока.

ЦИВИЛ Медиа: Како се подготвува локалната самоуправа во Крива Паланка за интеграција во ЕУ?

Мицевски: Крива Паланка е една од општините којашто користи доста  фондови што се на располагање во моментов, дали е тоа од меѓуграничната соработка којашто е од многу порано со Бугарија, од неодамна со Косово и сега со Република Србија, значи секаде имаме поднесено апликации на коишто чекаме одговор или информации, и добиени проекти што се реализирани. Можеби подготовката треба да биде во насока на тоа што мора да ги зајакнеме човечките ресурси, пред се во одделението за локален и економски развој, со добар кадар којшто има чувство за сето она што се тековни случувања, средствата и фондовите што се на располагање само така можеме да дојдеме до максимална искористеност и со тоа да и вратиме на локалната заедница преку добри проекти и добивање подобри услови за живеење. Промоцијата на Осогово како заштитена зона и она што го нудиме како локален ресурс, традиционалната храна, чистата и незагадена животна средина, изобилството флора и фауна, чистата вода за пиење, се ресурси кои можат да ги привлечат и европските фондови, но и потенцијално бизнисите кои можат да инвестираат во инфраструктурата, дали е тоа во делот на Калин камен каде што можеме да развиваме планински рекреативен или зимски рекреативен туризам, или хотелски. Сето она што значи продажба на традиционални ракотворби, изработки, специјалитети коишто ги имаме во изобилство. Подготовката треба да биде во стратешки документи, преку кои ќе определиме некакви приоритети па врз основа на тоа, тие ќе ни бидат водилка во насока на тоа работење. Јас само ќе потенцирам дека покрај другите работи што веќе ги кажав, ние работиме на подготовката на тие документи, на стратегијата за социјална заштита, за социјален профил на општина Крива Паланка, во коишто дефинираме одредени профили и активности во текот на наредниот период.

Во изминатиот период направивме стратегија за млади, затоа што младите и развојот на спортот се еден сегмент за коишто мораме да посветиме внимание и да ги задржиме на овој простор, и да им овозможиме да работат и делуваат во нашите матични општини. Стратегијата за развој на туризмот, како што како документ го имаме  изработено неодамна  во кои што се поместени голем број проекти преку кои што, од една страна го привлекуваме вниманието на странските посетители, од друга страна сериозно се зафаќаме со проблемот на инвестиции, и тоа инвестиции  во таа инфраструктура што ќе даде потенцијал за развојот и на локалната економија, но и на транспортот, угостителските капацитети итн. Можеби не целосно, но во добра мера ги знаеме насоките во кои треба да се движиме во текот на следниот период, а од друга страна, сето она што не чека како макотрпен процес, како администрација, како вработени во институциите, е дека мораме да дадеме максимален придонес на нашите работни места, во реализација на нашите секојдневни обврски и задачи, затоа што само така можеме да одиме напред, со посветена, искрена и чесна работа.

ЦИВИЛ Медиа: Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?

Мицевски: Не би можел да дадам некаква конкретна оценка за тоа колку се почитуваат, но пак ќе кажам, ако ние знаеме да ја заминеме граничната линија со соседна Бугарија, и таму ги почитуваме правилата што важат, дали за носење каиш во автомобилот, дали за нефрлање отпадоци на јавни површини, а кога ќе се вратиме тука и нема да ги почитуваме, тоа е до карактерот или начинот на навики на живеење. Ќе ги почитуваме и мораме да ги почитуваме бидејќи тие европски вредности не се само во насока на тоа колку сме дисциплинирани самите кон државата, туку колку сме дисциплинирани кон самите себе. Европските вредности не дозволуваат национализам затоа што, искрено мене ми пречи е тоа дека ние за да стасаме на власт, како политички партии, забораваме и национализмот го ставаме на прво место затоа што сметаме дека преку национализмот, ќе  стасаме до политичка функција од којашто потоа многу тешко може да се извадиме од сите оние проблеми што сме ги создале. Европските вредности се почитување на буквално на човекот како поединец, како единка што ги има универзалните човекови права пред се, и почитување по верска, етничка, политичка или која било друга припадност и притоа, да го почитуваме ставот, затоа што во секој став може да има дел од вистина којашто треба да ја прифатиме таква каква што е. Мислам дека еднаш треба да се стави крај на овие балкански простори дека фали некој дел од територија или дека нам ни должи нешто. Затоа што тоа можеби на времето, во некакви други системи, почнувајќи од античко време со Александар Македонски којшто бил освојувач и ние сме имале или некој имал голема држава, или територија, дека на овие простори ден денеска владее мислењето дека нам ни фали дел од Пиринска, Егејска Македонија. Ги имаат и тие истите делови, ама за жал се сиромашни како нас. Не е проблемот во територијата, туку во перцепцијата затоа што ние мораме како систем и како држава, да го почитуваме соседот, нашиот соработник затоа што можеби сме релативно чиста етничка средина, но перцепцијата и национализмот е најсилен онаму каде што средините се етнички  чисти, затоа што ако вие како политичка гарнитура му го креирате мислењето на граѓанинот дека  е лош Ромот, Албанецот, Турчинот. Тука се негува најголемиот национализам, треба да живеете со Албанецот, со Ромот, Бошњакот, Србинот, за да навистина почувствувате кои се неговите размислувања. Јас имам многу пријатели и Роми, Албанци, Срби, Власи, Турци, и не чувствувам никаква омраза. За разлика од она што се европски вредности, ете во една Швајцарија огромен број на различни етнички заедници, но нивен приоритет е развојот на економијата и движењето напред.  Главната порака што сакам да ја пратам е да престанеме да се занимаваме со национализам, и тој национализам да не биде алатка само за доаѓање на власт, затоа што почувствуваме многу во изминатиот период, и од нашето антифашистичко минато, и од настаните од 1991 до 2001 година, дека таквите процеси не водат кон напредок и успех. Успехот и напредокот треба да го гледаме во напредокот на институциите на системот, во интегрирање на евроатлантските асоцијации, и со рушење на бариерите, односно линии коишто се само измислена пречка помеѓу нас. Треба да се почитуваме меѓусебно и да немаме никакви претензии.

Јон Ајдини

обработка на текст: Дијана Тахири
камера и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ