Опозициската ВМРО ДПМНЕ и официјално ја подржа кандидатурата на Даниелa Арсовска за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори. Ова на прес конференција денеска го објави претседателот на партијата , Христијан Мицкоски, откако претходно одлуката помина на Извршниот Комитет на партијата, а потоа ја потврди и Централниот комитет.
Oваа одлука ја подржaa и Алијанса за Албанците и Алтернатива, кои постигнаа договор за соработка за локалните избори со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во духот на таа соработка, кандидатката подржана од ВМРО ДПМНЕ , Данела Арсовска, заедно со генералниот секретар на Алијанса за Албанците, актуелен градоначалник на Гостивар и кандидат на изборите , Арбен Таравари и Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир од Алтернатива, денеска прошетаа во Скопската чаршија, каде, според нивните официјални објави, разговарале за идеите и решенијата за Скопје и за новата програма, при што констатирале дека се потребни квалитетни решенија за градот и сите скопјани.












