• Latest

Мицкоски најави можност за набавка на нови 120 електрични автобуси, приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај

November 24, 2024
Чад се издига над Московската област, Русија на 4 јули 2025 година. Фото: ASTRA/Telegram

Украинските дронови погодиле повеќе цели во Русија, вклучително и клучна фабрика за воена оптика во Ростовскиот регион

July 4, 2025

Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

July 4, 2025
Фото: МИА Архива

Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот

July 4, 2025
Снимки споделени со Би-Би-Си од операцијата за помош во Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хуманитарен работник во Газа тврди дека видел како колегите пукаат врз гладни Палестинци

July 4, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

Петти ден блокади на протестите низ Србија, полицијата на улиците

July 4, 2025
Екипи за итни случаи на местото на рускиот напад на 4 јули 2025 година. Русија го напаѓаше главниот град во текот на целата ноќ со беспилотни летала и ракети, предизвикувајќи пожари низ целиот град. Фото: Државна служба за итни случаи на Украина / Телеграм

„Ништо освен терор и убиства“ – Русија изврши масовен напад на Кијив со балистички ракети откако Трамп изјави дека нема напредок во разговорите со Путин

July 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
NEWS9 Live

Русија стана првата држава што ја призна владата на Талибанците во Авганистан

July 4, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Експертка на ОН ги повикува светските мултинационални компании да престанат да соработуваат со Израел

July 4, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Конгресот го усвои „големиот, прекрасен закон“ на Трамп за намалување на даноците и трошоците

July 4, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Во Руски ноќен напад со беспилотно летало врз Кијив повредени 14 лица и предизвикани повеќе пожари

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мицкоски најави можност за набавка на нови 120 електрични автобуси, приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај

November 24, 2024 10:21
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Апелираат до градоначалничката на Град Скопје, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

– Приватните превозници ќе го дадат својот максимум од понеделник односно ќе се вклучиме во раните утрински часови онолку колку што можеме, не со целиот капацитет со цел за неколку дена да им излеземе во пресрет на граѓаните во градот Скопје. Воедно, ја користиме оваа прилика да се обратиме до сите советници во Градот Скопје – Ве молиме со консензус да изгласате покачување на цената за изминат километар со цел подобрување на состојбата во јавниот градски превоз. Со покачена цена се обврзуваме да го обновиме нашиот возен парк со еколошки климатизирани автобуси, изјави денеска Јовица Зафировски.

Тој посочи дека приватните превозници имаат 200 автобуси и дека може да го покријат недостатокот на авотбуси во УЈП доколку се најде заеднички прифатливо решение со Градот.

Во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски синоќа од Белград најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, туку и за општини каде што има организиран јавен градски превоз.

– Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз, рече Мицкоски кој беше покровител на Македонската вечер во рамки на Саемот Винска визија на Отворен Балкан во Белград, на новинарско прашање во контекст на одлуката на Владата за интервентно доделување нафта од државните резерви за ЈСП за надминување на проблемот со јавниот градски превоз.

Од информациите со коишто располага од страна на Бирото за јавни набавки Мицкоски рече дека е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.

-Најпрвин сакам да кажам дека овие количини, овие 250.000 литри се веќе доставени до депоата на ЈСП Скопје. Денеска е нормализирана состојбата. И овие се позајмени количини. Затоа што во текот на вчерашниот ден менаџментот на ЈСП до Бирото за јавни набавки достави барање за реализирање на итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање и од информациите со коишто располагам од страна на Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно. Така што, ЈСП треба час поскоро да влезе во овој процес и да ги набави количините коишто се потребни за нормално функционирање на компанијата, бидејќи овие 250.000 литра ќе бидат доволни за 10 дена, две недели, три недели, но нема трајно да го реши проблемот. Од тие причини мислам дека направивме навистина еден потег којшто овозможува да не се случува тоа што се случуваше претходниот ден и да се надминат политичките разлики и да се испорача за граѓаните, рече премиерот Мицкоски.

На прашањето зошто три години точката за набавка на нови автобуси не била ставена на гласање на Совет на град Скопје, и за тврдењата на градоначалничката дека сите опции биле дадени на располагање дури и власта да ги постави условите, а таа само да го потпише договорот, Мицкоски вели дека тоа што се нудело на маса не е решение.

-Тоа не е точно. Прво, ние не сме мнозинство во Град Скопје, мнозинството се таму други коалициони партнери, таму има директори на градските претпријатија коишто доаѓаат од политичката партија Левица, или блиски до политичката ДУИ, блиску до поранешен градоначалник на една скопска општина, директори кои се поставени од други моќници кои сега не се присутни во градот Скопје итн. Таму е многу, би рекол сложена ситуацијата, така што тоа не е решение. Тоа кое што се нуди на маса да се позајми треба и да се земе и да се купат 20-30 автобуси тоа не е решение. Ние зборуваме за сериозен пристап и пристап којшто ќе значи прво намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата и во воздухот, а второ нешто кое што ќе биде одржливо на подолг рок. Тоа го нудиме ние, рече Мицкоски.

Проблемот со автобускиот превоз во град Скопје, со одлука на Владата, донесена на завчерашната вонредна седница, да интервенира со нафта од државните резерви за седум дена, вчера, беше времено нормализиран. Вонредна седница завчера одржа и Советот на Град Скопје, на која координаторите на советничките групи постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и воедно, побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Возниот ред се менува во зависност со колку автобуси располага ЈСП на дневна основа, вели Кушовски, посочувајќи дека претпријатието се соочува со недостиг од 40 автобуси за пополнување на лет

Директорот на ЈСП „Скопје“, Драги Кушовски, во изјава за МИА, потврди дека автобускиот сообраќај во Скопје вчера е нормализиран. Посочи дека количините на нафта не се испорачани целосно, туку се испорачуваат сукцесивноно, и дека испораката засега е доволна.

– Сите линии сообраќаат, исто како и претходно, односно исто како пред да се појави проблемот со недостиг на горивото. Сите автобуси кои се во возна состојба редовно сообраќаат, рече Кушовски.

Јавен протест поради состојбата со превозот во градот, вчера, пред бараките на Град Скопје одржаа жителите на Општина Шуто Оризари, а на протест излегоа и студентите од УКИМ.

Citizens of Shuto Orizari municipality, high school and university students held a protest on Friday in front of the offices of the City of Skopje, expressing dissatisfaction from the state o

Градоначалникот Курто Дудуш изјави дека граѓаните на Шуто Оризари 730 дена немаат пристап до јавен превоз. Според него, расистички, дискриминаторски, нехумано и неодговорно е 40 000 граѓани две години да немаат јавен превоз. Тој побара од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска итно да постапи по возниот ред, објавен на страната на ЈСП и од денеска да возат автобуси по улиците на Општина Шуто Оризари.

-Итно да се ревидира одлуката на ЈСП и градот, во која се наложува во Шуто Оризари да возат над 90 отсто од приватни превозници. Итно да си ги подмирите долговите кон приватните превозници и да им овозможите услови да продолжат да возат во Шуто Оризари. Итно да пуштите нови автобуси да возат во Општина Шуто Оризари. Итно да се обезбедат услови за редовно собирање на смет од домаќинствата во Општина Шуто Оризари и на дивите депони. Да обезбедите одржливост на донесените одлуки и да не се доведете во ситуација пак да ви дојдеме со истите барања после еден месец, рече Дудуш.

Претседателот на Универзитеското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Александар Николовски на протестот изјави дека од спроведената анкета на над 3500 студенти, 85 отсто од студентите во последниве две недели чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65 отсто повеќе од 20 минути. Дополнително, како што рече, 95 отсто од студентите не се задоволни со услугите коишто ги нуди Градот Скопје во однос на јавниот градски превоз.

-Универзитеското студентско собрание се приклучи на овој протест, поради тоа што сметаме дека од лични интереси, партиски или политички препукувања студентите и средношколците не смеат да трпат товар. Затоа, бараме да престане злопупотребата и паѓањето на благосостојбата на студентите и срендошколците во текот на колоквиумската испитна сесија, рече Николовски.

Одговорноста за колапсот со јавниот превоз меѓусебно си ја префрлаат секоја од страните која има каква било надлежност.

Одговорноста во врска со кризата што настана со Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое остана без нафта, од Град Скопје ја префрлија на советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на директорката на Бирото за јавни набавки поради поништената постапка за набавка на гориво за автобусите, а од Бирото за јавни набавки соопштија дека ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна.

Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак посочуваат дека тие досега ги изгласале сите програми за Град Скопје, вклучително и за ЈСП, но дека надминувањето на кризата зависи од менаџирањето од страна на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие.

Претседателот на Синдикатот на возачи при Сојузот на синдикати, Миќо Стојановски завчера, во изјава за МИА рече дека состојбата со нафтата е проблем што трае веќе подолг период. Според Стојановски, за колапсот во ЈСП и во другите јавни претпријатија во градот придонело и несогласувањето меѓу претседавачот на Советот на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска.

-Бирото за јавни набавки ја суспендирало постапката за набавка на нафта од Пуцко петрол. Факт е дека ЈСП му должи доста пари на Пуцко Петрол, факт е дека Владата односно Министерството за образование му должи доста пари на ЈСП и кога би се пребиле тие средства, ние ќе бидеме чисти како фирма. Гориво нема, возат само автобусите на метан, околу 25-30 и уште по некој автобус на кој му останало нафта. Друг проблем што нас не тишти е тоа што поголем број скопјани го гледаат ЈСП како виновник за овие состојби. Како репрезентативен синдикат сакам да им кажам дека ЈСП е секогаш на нивна страна и правиме обиди да имаат превоз. Голем проблем за граѓаните и за ЈСП е и егото во Советот на Град Скопје, односно претседавачот Трајко Славески со мнозинската советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска доведоа до оваа тотална штета не само на ЈСП, туку и на другите јавни претпријатија. И Комунална хигиена немаа гориво за нивните возила за собирање на сметот низ градот, вели Стојановски.

Стојановски вели дека и приватните превозници треба да се вратат на улиците бидејќи нивното барање за 120 денари за изминат километар е нереално затоа што имаат договор со Градот Скопје што важи до мај 2025 година.

Јавниот превоз во Скопје два дена, во средата и четвртокот, беше редуциран поради недостиг на нафта, односно беа пуштени околу триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие од кои 25 се на природен гас и уште неколку кои имаа резерви на нафта. Подебелиот крај го извлекоа граѓаните, учениците и студентите кои на минусни температури беа принудени долго да чекаат на јавниот превоз или да користат такси превоз за да стигнат во училиште, односно на своите работни места. 

Извор и фото: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ