• Latest

Мицкоски: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

September 20, 2024
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најмалку 40 мигранти, вклучувајќи бебиња, загинаа при потонување на брод кај Тунис

October 23, 2025
Изгорениte остатоци од возило во кое се наоѓале новинарката на „Слобода ТВ“, Олена Храмова, и снимателот Јевген Кармазин, кои беа убиени во руски напад со дронови врз Краматорск на 23 октомври. Фото: Гувернер на Донецката област, Вадим Филашкин/Телеграм

Двајца украински телевизиски новинари убиени во руски напад со беспилотно летало врз Краматорск

October 23, 2025
CCTV камерите го снимија моментот на експлозијата во Копејск во близина на Чељабинск, Фото: Астра/Телеграм

Масивни напади на украински дронови на руска територија: Пожар во рафинеријата во Рјазан, прекин на електричната енергија во Белгород,10 мртви во експлозија во фабрика за муниција во Урал

October 23, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компании

October 23, 2025
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Мицкоски: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

September 20, 2024 16:01
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вчера имав навистина динамична агенда, убава агенда, каде што можевме да ги презентираме позициите коишто ги имаме како македонска Влада. Во делегацијата покрај мене беа и двајцата министри, министерот за европски прашања и министерот за надворешни работи, надворешна трговија, Муцунски и Муртезани. Мислам дека имавме корисна посета во Брисел, многу од работите, нашите соговорници за првпат ги слушнаа. Жалам што изминативе седум години освен свитката кичма, коленичење, друго не биле во можност да слушнат ниту да видат од претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ, но ние таму отидовме подготвени со озбилни аргументи и факти, рече Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската Унија и за тоа како поминаа средбите.

Тој додава дека имале добар корисен и содржаен ручек којшто го приреди старо-новата претседателка на Европската комисија Урсула Фон Де Лајен заедно со останатите лидери на регионот на Западен Балкан. Потоа имале состанок со претседателот на Европскиот совет господинот Шарл Мишел, и со сѐ уште актуелниот еврокомесар за проширување и соседска политика исто така со генералниот директор на Директоратот за преговори и соседство господинот Герт Јан Компан.

„Можам да кажам дека со соговорниците се согласивме дека иднината на Македонија како држава е во рамките на европското семејство. Се согласивме дека и како држава и како граѓани направивме многу т.е. да бидам попрецизен како ниту еден народ и како ниту една држава што тоа го направила во процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија. Повеќе од две и половина децении бевме во некакви групи и секогаш од нас се бараше нешто коешто е резултат на билатерални спорови, а не копенхагенски критериуми и нешто што се темели на исполнување на цели и политики, туку тоа повеќе беа национални отстапки. Еден од соговорниците на ручекот кажа, а тоа беше еден од лидерите од земјите од Западен Балкан дека е потребно да се жртвуваме. Јас би рекол дека тоа што го направија македонските граѓани и Македонија не е жртва, ние направивме многу жртви, туку е понижување, тоа што ни се случуваше изминативе две и пол децении. За жал, некој под жртва подразбираат ако сменат закон или два. За нас жртва претставуваше промена на национални симболи, идентитетски обележја, нешто коешто за жал корумпираните политички елити во минатото, не можејќи да се носат со фактите и аргументите го правеа додека го ограбуваа сопствениот народ и не им беше срам да го понижуваат. Од голтари влегуваа во политиката, милионери излегуваа и тоа е нешто коешто оваа генерација во оваа македонска Влада има за задача да го исправи“ и додаде:

„Ќе Ве потсетам на почетоците на овој милениум бевме во група со Романија и Бугарија, за да излеземе од таа група, па потоа бевме во група со Хрватска, за да излеземе од таа група, па потоа со Србите и Црна Гора, за да и таа група не претрка, па со Албанија, па сега и Албанија ќе не претрка“.Премиерот истакна, додека тој е на чело на македонската Влада нема да прифати ултиматуми за нашата држава да стане дел од европското семејство.

„Мојата порака до луѓето во Брисел е јасна. Ако навистина сакате да бидеме дел од европското семејство тогаш има начин. Ако има желба, има и начин. Повеќе ултиматуми немаме намера да прифатиме, барем јас додека ја водам македонската Влада. Ултиматуми нема да прифаќам, ниту има цена што може да ме убеди да прифатам ултиматум.Сакам овие граѓани и мојата татковина да бидат дел од тоа семејство врз основа на мерит-системот, а не врз основа на дополнителни национални срамови и идентитетски отстапки. Тоа нема да го дозволиме!

Ако тие навистина сакаат да напредуваме, врз основа на мерит-системот, тогаш преговорите ќе ги почнеме уште веднаш, уште утре. Но, очигледно дека дозволуваат една земја членка да го билатеризира целиот овој процес, нешто коешто не е став на останатите 26 земји членки. Ние немаме што да правиме, ние мораме да се бориме за својот став, ние мораме да се бориме за својата позиција.

И, на моите соговорници им кажав дека повеќе не можеме пред нашите граѓани да излеземе и да ги браниме двојните стандарди. Ако важи принципот pacta sunt servanda за Преспа, тогаш треба да важи принципот pacta sunt servanda и за Договорот за добрососедство.

Нека ми каже еден во Брисел, каде во тој pacta стои дека ние мора да го промениме Уставот. Нека не ми споменуваат предлози, друго е францускиот предлог, тоа е предлог, не е pacta, не е договор. Како може да важи за нас и за оваа Влада и за сите влади, претпоставувам во иднина додека не се вратат работите во нормала еден ден и ние не треба да престанеме да сонуваме. Pacta sunt servanda тоа е Преспанскиот договор тогаш ќе мора да важи за Договорот за добрососедство. А таму значи дека, нашиот источен сосед ќе не поддржува и нема да не кочи во евроинтегративниот процес.

Тоа е pacta, тоа е договор, не е договор францускиот предлог. Треба сите да знаеме и македонската јавност и бриселската и цела Европа. Не смееме повеќе со двојни стандарди да водиме политика. Политиката треба да ја водиме врз основа на принципи и вредности коишто се поврзани со Копенхагенските критериуми и коишто се темелат на меритократија, а не на билатерални спорови и опструкции, и национализми и идентитетски прашања. Тоа е мојата порака, и таа беше мојата порака во Брисел“, нагласи премиерот Мицкоски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ