Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја откажа посретата на општина Маврово-Ростише, поради појава на симптоми на КОВИД-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, соопштуваат од опозициската партија.
Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за Ковид-19.
М.Д.