ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Античкиот театар во Охрид со настан ќе го одбележи својот 31-ви роденден.
На одбележувањето најавено е обраќање на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и лидерот на патијата Христијан Мицкоски.
„Бидете трпеливи, 16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет во пресрет на одбележување на формирањето на нашата партија. Од Охрид ќе го соопштиме нашиот новитет, на посебен настан. ВМРО-ДПМНЕ е стеблото, ВМРО-ДПМНЕ е покривката која обединува луѓе. ВМРО-ДПМНЕ е на вистинските патеки и запаметете: 16-ти јуни е она што сите го очекуваат”, најави Мицкоски.