Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција соопшти дека упатувањето на нашиот амбасадор во Москва, предходно планирано за 15 март, се одложува на неодредено време.
– Ние донесовме вчера одлука да го одложиме упатувањето на нашиот амбасадор во Русија, кој требаше да оди на 15 март, изјави министерот Османи на денешниот брифинг со новинарите.
Како нов амбасадор на Северна Македонија во Русија минатата година беше назначен Ненад Колев.
Д.М.












