Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) Елмедин Конаковиќ испрати писмо до високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас и до европскиот комесар за проширување и соседска политика Марта Кос и до сите министри за надворешни работи на земјите на ЕУ, од кои побара ЕУФОР да помогне во апсењето на Милорад Додик.
Очекуваме конкретна помош од ЕУФОР за апсење на Додик. Неговиот пркос на уставниот поредок и заканите со насилство не се само домашен проблем, туку и поширока регионална безбедносна грижа, која бара итен меѓународен ангажман“, наведува Конаковиќ, пренесуваат регионални медиуми.
Тој додаде дека очекува зајакнат и координиран одговор од домашните институции, кои, како што посочи, мора да се зајакнат и поддржат во одржувањето на владеењето на правото, зачувувањето на уставниот поредок и заштитата на демократскиот пат на државата.
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина потсети дека Министерството за внатрешни работи на РС, по наредба на Додик, во петокот ја протера германската министерка Ана Лурман од Бања Лука, што „уште еднаш покажа отворено непријателство кон заедничките европски вредности и институции“.
Д. Т.
Дипломатски скандал на РС: Додик ја избрка од РС германската министерка Ана Лурман