Министерството за надворешни работи ја поздравува одлуката на Кралството Холандија и Австралија да аплицираат до ICAO во согласност со одредбите од Чикашката конвенција со цел да се изведе Русија пред лицето на правдата за нејзиното учество во соборувањето на летот MH17 на Malaysia Airlines во јули 2014 година.
Претходно, Австралија и Холандија заеднички ја повикаа Русија да преземе одговорност за нејзината улога во соборувањето на летот MH17, во согласност со меѓународното право.
Преговорите за ова прашање меѓу Русија од една страна и Австралија и Холандија од друга страна Русија ги прекина еднострано.
Ниту еден незаконски чин на Руската Федерација нема да остане без одговор од цивилизираниот свет и меѓународната правда.
Министерството за надворешни работи на Украина ќе продолжи да работи на доведување на Русија пред лицето на правдата користејќи ги сите достапни меѓународни правни механизми. Соборувањето на MH17 е една од тужбите поднесени до Меѓународниот суд на правдата на ОН, иницирана од страна Украина во 2017 година. Се надеваме дека случајот наскоро ќе биде разгледан, се вели во соопштението от украинското МНР.