• Latest

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Утрото на 28 август

August 28, 2025 19:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Утрината на 28 август, чадот и смогот повторно го обвија родниот Кијив. Службите информираат дека спасувачките работи се во тек – спасувачите бараат луѓе под урнатините на нивните сопствени домови. Цела ноќ, од 20:24 часот на 27 август – до речиси 9 часот наутро на 28 август, рф извршуваше ракетни и дронови напади врз станбени згради, детски градинки, канцеларии.

А деновиве владата на рф иницираше денонсирање на Европската конвенција за спречување на тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Тука не станува збор само за тоа дека рф повторно не ги почитува нормите на меѓународното право – туку повеќе за суштинскиот формат на злосторничко однесување. Политиката на терор е толку позната за кремљ, и толку идеолошки блиска, што оние што носат одлуки во москва за убиства на луѓе, очигледно не сфаќаат дека со секоја минута ја прошируваат територијата на беззаконие и понижување на човечкото достоинство.

Очигледното претворање на рф во тоталитарна држава со засилено влијание на репресивниот апарат ја става русија во редот на земјите за кои вредноста на човечкиот живот и достоинството се еднакви на нула.

Во текот на оваа ноќ на ракетни удари врз Кијив, таа нула „изедначуваше“ – со 629 средства за напад, истрелани од русите врз луѓе. Страшно и свесно убиство на цивили, што го врши кремљ за да ја докаже идејата за имперскост.

Експанзионистичката политика на рф им се наметнува на многу други субјекти на меѓународното право. Токму преку обидот за освојување на Украина, рф се обидува да го прошири своето геополитичко влијание. Тоа што Украина не е и не сака да стане дел од „рускиот свет“, и не сака да се најде во сферата на евроазиските руски врски – предизвикува агресија на руската тоталитарна диктатура.

кремљ секојдневно врши воени злосторства и геноцид врз украинскиот народ, само затоа што украинскиот народ е различен од русите. Но колективното сеќавање на Гладоморот, Сандармох, Соловецките логори не ни дозволува да ги заборавиме извршителите на злосторот – кремљовскиот тоталитарен режим. Поминаа децении – истата државна кремљовска институција изврши воени злосторства во Буча, Мариупол, Ирпин, Макарив, Изјум…

Јасно е дека војната на рф против Украина предизвика промена на конфигурацијата на балансот во светот и системот на меѓународната безбедност.

Украина има сигурни партнери, кои даваат воена и хуманитарна помош, десетици држави и стотици финансиски структури се приклучија кон санкциите против рф и белорусија, се случи преформатирање на светскиот енергетски пазар – сето тоа е позитивна компонента. Но рф продолжува да нанесува смртоносни ракетни и дронови удари врз Украинците, дури и откако доби можност да ја прекине својата дипломатска изолација, парадирајќи по црвениот тепих. Умилкувањето на агресорот само го охрабрува.

рф, водена од историскиот псевдоресентимент, и со дипломатски и пропагандни средства само ја одолговлекува војната. кремљ, доживувајќи го распадот на СССР како своја „глобална катастрофа“, и понатаму сонува за Украина.

Утрото на 28 август

1 of 5
- +

Разбирајќи ја генезата на руските соништа, партнерите можат да помогнат да се запре агресијата, за таа да не се прошири во длабочина на Европа.

И покрај тоа што достигнувањето на нивото од 5 % одбранбени трошоци е планирано дури за 10 години, што создава одредени тешкотии, земјите-членки на НАТО имаат реални одбранбени капацитети. И вклучувањето на Украина во пресметката на одбранбените трошоци на НАТО треба да создаде важен финансиски механизам за заштита од долгорочната закана за евроатлантската безбедност што ја претставува рф.

Зајакнувањето на одбранбено-индустрискиот комплекс на Украина, развојот на заедничко производство на вооружување со партнерите, заштитата на украинското небо, имплементацијата на санкции против рф – тоа се средствата што можат да ги спасат животите на Украинците и да ја обезбедат безбедноста во Европа во целина.

За Украинците треба да настапат мирни утра.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

Фото извор: Амб. на Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ