• Latest

МНР: Наводите дека во францускиот предлог македонскиот јазик „не е чист“ се неточни, опасни и им штетат на интересите на државата

July 6, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

МНР: Наводите дека во францускиот предлог македонскиот јазик „не е чист“ се неточни, опасни и им штетат на интересите на државата

July 6, 2022 23:14
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека најостро ги демантира наводите кои се споменуваат во јавноста дека македонскиот јазик „не е чист“ во француската преговарачка рамка за отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.

– Ваквите наводи се неточни, опасни, ја доведуваат во заблуда јавноста и им штетат на интересите на државата. Ја информираме јавноста дека македонскиот јазик е неспорен и не е условен во предлог преговарачката рамка, која меѓу другото е преведена (и објавена) на македонски јазик од страна на преведувачките служби на Советот на ЕУ.  Став 22 од предлогот недвосмислено кажува дека правото на ЕУ ќе се преведе на македонски јазик: “Северна Македонија ќе треба навремено да направи преводи на правото на ЕУ (acquis) на македонски јазик пред пристапувањето и ќе треба да обучи доволен број преведувачи и толкувачи потребни за правилно функционирање на институциите на ЕУ по нејзиното пристапување.”, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека согласно позициите консензуално утврдени од страна на нашето Собрание во Декларацијата за спорот со Република Бугарија, наша цел беше позицијата на Република Бугарија во однос на македонскиот јазик да не стане и позиција на ЕУ, а во оваа предлог рамка тоа е целосно исполнето.

– Практичната потврда за ваква неспорна употреба на македонскиот јазик ќе биде потпишувањето на Договорот за Фронтекс, со стандардна клаузула каде е наведен македонскиот јазик (без фусноти или дообјаснувања). Потпишувањето на Договорот за Фронтекс е  предвидено да се случи веднаш по одржувањето на првата Меѓувладина Конференција помеѓу Република Северна Македонија и ЕУ и државите членки. Оттука, овој меѓународен договор меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, односно, државите членки, и на македонски јазик, ќе стане дел од законодавството на ЕУ, се истакнува во соопштението.

Според МНР, со овој договор, и нему сличните во иднина, како и со преводот на правото на ЕУ на македонски јазик во текот на преговорите за членство, македонскиот јазик ќе биде вклучен на исто рамниште во групата на официјални јазици на ЕУ, по нашиот прием во ЕУ.

– Тврдењето дека Република Северна Македонија требала да бара цврсти гаранции преку внесување на поглавјето 34 во преговарачката рамка е погрешно и манипулативно. Поглавјето 34 се дискутира на крајот на преговарачкиот процес, кога е извесно дека земјата кандидат ќе стане земја членка на ЕУ. Ова поглавје не е ексклузивно посветено на внесување на јазикот на земјата кандидат за членство во семејството на официјални јазици на ЕУ и уште помалку има амбиција да признава јазици, поосчува Министерството.

МНР наведува дека во поглавјето 34 се разработуваат институционалните и процедуралните правила на ЕУ и видовите адаптации кои се неопходни да се направат во постоечкото ЕУ право за да внесе во прием новата земја членка  (на пр. соодветната застапеност на новата земја членка во телата на ЕУ итн.), а земја кандидат нема процедурална можност да го отвора ова поглавје ниту да го дискутира пред отворањето на преговорите.

– Министерството за надворешни работи, заедно со Владата на Република Северна Македонија и сите релевантни чинители, ќе работи напорно во претстојниот период да ги надмине сите недоразбирања со Република Бугарија, согласно со Договорот за добрососедски односи, и со цел обезбедување на непречени преговори и брза интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ. Предлог рамката со недвосмислен македонски јазик и идентитет претставува основа за започнување на процесот на преговори, се додава во соопштението на МНР.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ