• Latest

МНР: Шпекулации се објавените информации за употребата на македонскиот јазик во ОН

June 8, 2022

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ подготвува план за користење на 176 милијарди евра замрзнати руски средства за заем на Украина

October 22, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски: Русија не чувствува доволен притисок за крај на војната

October 22, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

МНР: Шпекулации се објавените информации за употребата на македонскиот јазик во ОН

June 8, 2022 11:25
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По однос на објавените шпекулации за употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology). Објавените информации, се оценува во соопштението од МНР, преставуваат злонамерни шпекулации, чии намери се да создаваат непотребно вознемирување на јавноста, и не одат во прилог на интересите на Северна Македонија.

Во документот на UNTERM, како што се наведува во соопштението, се дадени основните информации за секоја земја: официјалното име, кратко име, јазик на држава, назив на валута, ISO кодовите и др. Линкот на UNTERM за личната карта на земјата е секогаш достапен он-лајн и на него може да пристапи секој. (Линк: https://unterm.un.org/UNTERM/Display/Record/UNHQ/NA/1c98d616-3b6a-4d15-a7cb-f88c7f988b83)

Секретаријатот на ООН, како и сите негови тела е обврзан да се придржува и да ги почитува податоците изнесени во истиот (UNTERM). Вработените во Секретаријатот на ОН немаат надлежност за толкување на вакви прашања. Секретаријатот на ОН раководи и има надлежност во менаџирањето на прашањата околу употребата на шесте официјални јазици на Организацијата (англиски, француски, шпански, арапски, кинески и руски).

Постојаната Мисија на Северна Македонија при ОН во Њујорк, одржува редовни средби со претставници на Секретаријатот на ОН, и во таа насока нема никакви индиции што одат во прилог на објавените шпекулации.

-Согласно појавениот интерес на јавноста, нашата мисија во Њујорк стапи во контакт со претставници на Секретаријатот, од каде дополнително и официјално ни беше потврдена важечката пракса и регулатива преку која категорично ги отфрлаат сите шпекулации изнесени во медиумите за наводна „внатрешна инструкција во ООН за начинот на користење на терминот – Македонски јазик“, се наведува во соопштението.

Од МНР посочуваат дека објавените информации преставуваат злонамерни шпекулации, чии намери се да создаваат непотребно вознемирување на јавноста, и не одат во прилог на интересите на Северна Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ