Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини за време на прес-конференцијата по објавување на извештаите за напредок на земјите од западен Балкан, нагласи дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за отпочнување на преговорите за членство со ЕУ и оти следно е ЕУ да го исполни својот дел.
„Тие го сработија своето и сега ЕУ треба да го исполни својот дел. Дискусиите сега се во земјите – членки, дали тие се подготвени за отпочнување на преговорит. Тоа е комплициран процес“, рече Могерини.












