• Latest

Мојата зелена визија

April 19, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Мојата зелена визија

April 19, 2019 12:28
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред  неколку дена, на пат низ источните краишта на нашата земја, ги гледав убавите зелени предели, планините во далечината, малите села раштркани по благите падини… Пред крајот на денот, со колешките седиме на кафе во едно гратче, на истиот мал плоштад каде што во 2016 година имавме мал настап со нашиот Караван на слободата. Изморен од многубројните стории поврзани со изборите, ги одмарав мислите со листање на глетките што ми останаа во сеќавање во текот на денот. И си ги повикав идеите и замислите за зелена и социјална држава, каква што, според мене, можеме да изградиме. А потоа ги споделив и со моите другарки, па сега и со вас.

пишува: XHD-2049 Џабир Дерала (напредна андроид верзија)

Можеме, ако сакаме, нашата земја да ја претвориме во целосно еколошка, со среќни и достоинствени граѓанки и граѓани. Замислете населби со самоодржливи објекти направени од еколошки прифатливи (подобни) материјали, со инфраструктура што ќе биде во хармонија со природните ресурси, со користење на обновливи извори на енергија. Населби каде што ќе поканите различни професионални профили како програмери, архитекти, научници, уметници…

Со паметно планирање и промоција, такви населби може да станат атрактивни и за странци, организирани во компании или како слободни „стрелци“, вистински интернационални колонии што може да се одржуваат финансиски од продажба на својот труд. Не ни требаат индустриски зони, туку целата земја можеме да ја претвориме во место каде што се произведуваат зелени производи, каде што се негува зелениот туризам, каде што секоја нова градба, приватна или јавна, се прави со стопроцентна зелена ориентација. Старите градби, со пари од буџетот, се трансформираат во самоодржливи објекти…

Другарките, само за миг, се обидоа да ме обесхрабрат со зборот „утопија“, немојте сега и вие, ве молам. Особено затоа што и тие ме ислушаа докрај, па дури, донекаде, ме поддржаа во ставот дека, сепак, не е невозможно ова што го „сонувам“. Имајте и вие предвид дека за ова се потребни само волја и визија, сѐ друго е можно и проверено.

Замислете ги новите градби како се претопуваат во природниот амбиент во кој се градат. Сите сме виделе такви нацрти и проекти, направени од наши луѓе, а ги продаваат надвор од нашата земја или им седат по компјутери, откако претходно им послужиле за дипломска работа. Тоа се модерни и преубави проекти што, по извесно време, стануваат супер исплатливи, бидејќи ги штедат парите, го чуваат здравјето и го продолжуваат животот на луѓето. Да, бидете уверени во тоа, ова не е научно-фантастичен филм, туку реалност што веќе одамна ја живеат луѓето во други држави.

И работното време во една таква земја може да се скрати на шест часа, со вклучена пауза од еден час. И работната недела може да се скрати на четири, наместо на пет дена. Со 20 часа активна работа во текот на неделата може да се направи многу повеќе отколку за 40. Луѓето ќе имаат повеќе енергија, волја, концентрација, а ќе бидат и посреќни. Слободното време ќе можат да го искористат за да учат, да уживаат во уметност или да се забавуваат.

Старите и напуштени објекти и фабрички хали можат да се претворат во културни центри како што е стариот комплекс на берлинската пивара. Сега таа се вика Kulturbrauerei (Пиварница на културата) каде што градот Берлин им дава простор на уметниците од сите области да создаваат и да ги презентираат своите уметнички достигнувања. Комплексот вклучува и кино сали, театри, галерии и клубови за забава. Милиони посетители годишно минуваат низ овој комплекс што зрачи со прекрасна енергија и убавина. И ние имаме такви грдосии од градби и комплекси што можеме да ги претвориме во центри на културата, забавата и туризмот.

Тогаш, кога ќе ја направиме оваа наша земја зелена, кога ќе ја скратиме работната недела на половина, а платите ќе ги покачиме за најмалку два пати, не само што нема да си одат младите, туку ќе доаѓаат. Верувам во тоа. Само треба да се најде волја и визија кај оние што ги креираат практиките и политиките.

А сега… Изборен молк!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share55Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ