• Latest
Фото: МИА Архива

Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието ја урива суштината на КСЗД преку именување членови под партиски клуч кои не ги исполнуваат законските услови

April 4, 2025

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мрежа за заштита од дискриминација: Собранието ја урива суштината на КСЗД преку именување членови под партиски клуч кои не ги исполнуваат законските услови

April 4, 2025 11:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да не го именува кандидатот предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата и да избере независни кандидати/ки по заслуга, кои ги исполнуваат законските критериуми.

Како што соопштуваат на 2 април, Собранието ја одржа 24та седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која утврди Предлог – одлука за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во неполни 24 часа откако се одржа седницата за јавна расправа. Комисијата за прашања на изборите и именувањата до пратениците на Собранието го предложува Вецко Здравески за иден комесар со мандат од пет години, кандидат кој е партиски кадар и не ги исполнува критериумите за избор.

Мрежата за заштита од дискриминација потенцира дека избирањето на овој кандидат за член на КСЗД не само што не e во служба на заштитата на човековите права, туку и би било погубно за човековите права, еднаквоста и недискриминацијата во нашата држава. Спроведеното интервју со кандидатот, неговото претставување, а особено одговорите на прашањата од публиката беа на незадоволително ниво по сите стандарди за избор на член на телото за еднаквост. Неговото интервју јасно покажува дека кандидатот не се чувствува сигурно при изговарање на некои од основите за дискриминација, како, на пример, зборовите „сексуална ориентација“ и „транс жена“.

„Ваквиот однос ни укажува на целосно непочитување кон маргинализираните заедници, кои истовремено се едни од најчесто дискриминираните лица, и создава реално сомнение дека кандидатот кога би бил член на КСЗД би постапувал непристрасно и професионално кон сите граѓани. Од друга страна, сосема е нејасно како Комисијата утврдила дека кандидатот ги исполнува законските критериуми и е експерт за заштита од и спречување на дискриминација, кога на седницата немаше повеќе од 10% вкупниот број членови на Собранието, а од неговата биографија воопшто не произлегува ваква експертиза, па дури ни интерес“, реагираат од Мрежата.

Дополнително, кандидатот Вецко Здравески претходно бил член на Комисијата за верификација на факти, согласно Законот за лустрација, процес кој предизвика јавна загриженост и беше предмет на критика од страна на Европската Унија, во однос на можни неправилности и повреди на човековите права. За дел од работата во оваа Лустрациска комисија, кандидатот Вецко Здравески бил обвинет заедно со Антонијо Милошоски во случајот „Моќник“. Случајот беше затворен поради застареност на кривичните дела, а како директна последица на измените на Кривичниот законик.

Мрежата за заштита од дискриминација потенцира дека изборот на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација повторно се прави по партиски клуч и со партиски кадри. Имено, кандидатот Вецко Здравески е несомнено симпатизер од владеачката ВМРО–ДПМНЕ и неговата наклонетост кон оваа партија тој јавно ја изразувал во неколку наврати, дури и директно со зборовите: „ВМРО е судбина и иднина за Татковината“. Ваквиот избор на партиски кадри без искуство и знаење од областа значи ризикување на досега постигнатите резултати од областа на антидискриминација, клучна и за процесот на интеграција во ЕУ. Изборот на кандидати коишто не ги исполнуваат законските услови и кај кои има сомнежи за нивната независност или непристрасност не може да резултира со мислења коишто ќе ги заштитат жртвите на дискриминација.

КСЗД е независно тело за еднаквост чија ефикасност, непристрасност и исполнување на надлежностите е директно зависно од знаењата, екпертизата и интегритетот на комесарите/ките. Кандидати кои немаат знаења и се избрани по партиски клуч не можат да штитат и да превенираат од дискриминација, особено имајќи предвид дека тие мандатот го должат на партиите, а не на сопственото знаења и искуство. Оттука, наместо еднаквоста на граѓаните, овие кандидати ќе ги штитат партиските и личните интереси од позиција на членови на КСЗД.

Помеѓу кандидатите имаше и независни експерти, со долгогодишно докажано искуство во областа на антидискриминацијата и човековите права, кои при самото претставување укажаа на важноста на избор на независен кандидат. Оттука, сметаме дека Собранието можеше да направи избор на квалитетни кандидати кои уште повеќе ќе ја унапредат работата на КСЗД. Законските критериуми за избор на членови на КСЗД се: седум години работно искуство од областа на човековите права од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација; 240 ЕКТС кредити; да е државјанин/ка на РСМ; во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење на професија, дејност или должност и да не е носител на функција во политичка партија.

Од друга страна, загрижува праксата на закажување седници на нетранспарентен и неинклузивен начин мораме да потенцираме и дека седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше организирана на нетранспарентен начин, со тоа што поканата за учество на расправата беше пратена во последниот работен ден пред одржување на расправата, соопштуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ