Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на својот Фејсбук профил објави видео од новиот Центар за ран детски развој во кочанско Тркање.
Центарот обезбедува престој за 20 деца од три до шест години.Министерката ги повика родителите да ги запишат децата во Центарот кој е бесплатен укажувајќи на важноста на предучилишното образование за нивниот понатамошен развој.
Центарот е поддржан од UNICEF MK.












