• Latest

МТСП вложи 5,3 милиони денари во Дневниот центар за лица со попреченост во Топанско поле

March 25, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП вложи 5,3 милиони денари во Дневниот центар за лица со попреченост во Топанско поле

March 25, 2021 13:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост од 14 до 26 години во Заводот за рехабилитација на деца и млади во населба Топанско Поле, при што истакна дека и во услови на пандемија Министерството за труд и социјална политика вложило 5,3 милиони денари за реконструкција на објектот.

– Тоа е целосно реконструиран објект согласно европските стандарди со една и единствена цел да пружа пријатни и современи услови за работа на лицата коишто доаѓаат тука на дневно ниво. Истовремено во Центарот работат професионални лица коишто изработуваат индивидуални планови согласно потребите на секој од корисниците на Дневниот центар, меѓутоа и заеднички активности за да може да се вложи во индивидуалниот максимален потенцијал на секој корисник посебно за да биде вклучен во општеството, нагласи Шахпаска.

Таа посочи дека продолжуваат да го имплементираат она што претставува дел од нивната Програма како Влада – инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот општествен живот.

– Процесот на деинституционализација не значи само извлекување на корисниците во мали групни домови. Процесот на деинституционализација истовремено значи внесување односно приближување на социјалните услуги во заедницата. Заедно со нашите европски партнери работиме на еден план со којшто Заводот за рехабилитација во Топанско поле ќе го трансформираме во еден европски современ објект во којшто ќе постои една лепеза на социјални услуги за корисниците коишто ќе доаѓаат тука од Скопје, меѓутоа и пошироко. Ќе се претвори во Центар во којшто ќе се врши рана идентификација, рана интервенција, ќе се пружа лепеза на различни социјални услуги согласно потребите на корисниците за да можат активно да се вклучат во тековите на современиот живот, рече министерката за труд и социјална политика.

Шахпаска потенцираше дека МТСП вложува во таа категорија на граѓани исто како и за останатите.

– Меѓутоа, не помалку е значајна за успешност на овие проекти улогата на стручните работници коишто работат. Оттука, порачувам дека сите вработени коишто работеа во овие досегашни институции со понатамошно усовршување и квалификација ќе работат во тие дневни центри и останатите децентрализирани социјални услуги за да можат да излезат во пресрет на корисниците, посочи министерката.

Директорот на Заводот за рехабилитација на деца и млади, Скопје, Фатмир Ејупи наведе дека согласно трансформацијата на установата и најновите акти на установата работата е организирана во неколку служби и оддели.

– Една од тие служби е и службата за дневно згрижување на корисници во рамките на кои работат три оддели. Оддел за дневен престој и индивидуален третман на корисници од 7 до 14 години, оддел за дневно згрижување на корисници од 14 до 26 години и оддел за дневно згрижување на корисници над 26 години, посочи Ејупи.

Тој наведе дека основна цел на социјалната услуга за дневно згрижување на младите лица со попреченост во рамки на одделот за дневно згрижување на корисници од 14 до 26 години е унапредување на квалитетот на животот на младите лица со попреченост, директна стручна помош за нивните семејства како и сензибилизација на заедницата заради разбирање, прифаќање, вреднување и создавање на еднакви можности за сите граѓани на локалната заедница.

– Капацитетот за давање на услуга за дневното згрижување е до 24 корисници. Тимот за работа со корисници се состои од двајца дефектолози, лекар, негувател и инструктор. Во моментов услугата ја користат девет корисници. Одделот работи од 7:00 до 17:00 часот по определен режим на ден. Стручната работа се реализира врз основа на изготвен план и програма за работа, изготвени согласно упатството од Заводот за социјална дејност, информираше директорот на Заводот за рехабилитација на деца и млади.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ