• Latest

Мугабе во домашен притвор; Мнангагва назначен за привремен претседател на Зимбабве

November 15, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Мугабе во домашен притвор; Мнангагва назначен за привремен претседател на Зимбабве

November 15, 2017 10:27
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговото семејство се наоѓаат во домашен притвор, соопшти зимбабвиската телевизија Њуз 24, јавува МИА.

Според локалниот медиум, 93-годишниот шеф на државата се подготвувал да поднесе оставка.

Владејачката партија на Зимбабве, Зану-ПФ објави на Твитер дека Емерсон Мнангагва е назначен за привремен претседател на државата наместо 93-годишниот Роберт Мугабе.

Партијата негира дека во државата е извршен воен удар туку дека случувањата во Хараре биле „пренесување на власта без пролевање крв“.

„Немаше воен удар само пренесување власт без пролевање крв. Притоа се уапсени корумпирани луѓе, а старецот кој го искористуваше неговата сопруга е притворен. Неколкуте истрели се од лоши луѓе кои давале отпор при апсењето, но сега и тие се во притвор“, се вели во еден од твитовите на партијата на Твитер.

Мнангагва (75) беше потпретседател на Зимбабве се додека Владата не го разреши поради „нелојалност“. Таа смена беше примена како подготовка за сопругата на Мугабе да ја преземе власта од него бидејќи таа претходно сама побарала од сопругот смена на Мнангагва.

Западни медиуми наведуваат дека не е јасно каде се наоѓаат Мугабе и неговата сопруга, но дека портпарол на армијата објавил преку државната телевизија дека „нивната безбедност е загарантирана“.

Војската синоќа ја презеде власта во Зимбабве, нагласувајќи дека не е извршен државен удар, туку само интервенција против „криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“. Војниците обезбедуваат владини згради и патролираат низ улиците на Хараре, каде ноќеска беа регистрирани неколку силни експлозии. Армиски возила блокираа пристап до Парламентот, како и пред судовите.

Претходно беше уапсен и министерот за финансии Игнатиус Чомбо. Тој е влијателен член на таканаречената фракција „Г40“ на владејачката партија Африкански национален сојуз на Зимбабве – Патриотски фронт. Фракцијата ја предводи Грејс, сопругата на Мугабе, која планира да го наследи 93-годишниот претседател на функцијата шеф на државата.

Опозициската партија Движење за демократска промена повика за мирно враќање кон уставна демократија во земјата, додавајќи дека интервенцијата на војската ќе доведе до воспоставување на стабилна, демократска и напредна држава.

Влијателниот лидер на воените ветерани, кои водеа војна за независност на Зимбабве, Крис Муцванга ја повика Јужна Африка и други држави од јужниот дел на континентот, како и Западот, повторно да стапат во контакт со Хараре.

[divide]

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ЗимбабвеМнангагваМугабе
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ