Светот денес го одбележува Денот на сеќавањето на Холокаустот, а преживеаните и нивните семејства ќе се соберат во Аушвиц на комеморацијата на жртвите од овој логор на смртта.
Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот е установен на 1 ноември 2005 година со резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации.
Определувајќи се за 27 јануари, денот кога во 1945 година бил ослободен Аушвиц-Биркенау, најозогласениот логор на смртта во поробената Европа, Генералното собрание на ОН се водело со потребата од реафирмација на човековите права, превенција и казнување на геноцидот, како и постојано присутните опасности од расна, национална и верска омраза засновани на предрасуди.
Втората светска војна однесе преку шест милиони невини жртви – припадници на еврејскиот народ.
Одбележувањето на овој ден и сеќавањето на страшните последници од Холокаустот ќе придонесе во сите демократски држави, масовното страдање на Евреите во Втората светска војна и во иднина да се согледува како што по својот карактер и обем навистина е – еден од најголемите злосторства во историјата насочено против човештвото.
М.И.