„Во изминатиот период се забележува активност на багерите и булдожерите и се прават нови улички или се крпат некои дупки. Тоа најчесто се прави во ромските маала, под образложение дека уште се имплементира ‘Декадата на Ромите’, или некоја општина токму во тој период има редовна и законска програма да ги средуваат улиците“, забележа Дехран Муратов од ЦИВИЛ.
„Откако почна кампањата, одредени министри, директори и нивните заменици, или некои други лица – носители на јавни функции, ја извршуваат својата функција во работно време, а потоа, се однесуваат како слободни граѓан(к)и кои подржуваат одредени кандидати за претседател и во своите јавни говори ветуваат и работи кои се забранети според Изборниот законик“, изјави Дехран Муратов, еден од претставниците на организаторот ЦИВИЛ – Центар за слобода, на конференцијата „Какви избори – таква иднина“.
„Можеби законски имаат можност, но дали е етички?
Но, она што загрижува е оркестираното и тешко докажливо агитирање на социјалните мрежи. Уште првиот ден, односно првата минута, откако почна претседателската кампања на 1 април, одредени носители на јавни функции, државни службеници и партиски активисти, ги сменија своите профилни фотографии на социјалните мрежи, особено на Фејсбук, со бројот и ликот на кандидатот/та кој го подржуваат.
Носителот на јавна функција треба да им служи на сите граѓан(к)и без разлика на нивната политичка определеност. Тајноста на гласање е загарантирана со закон. Дали…?“
Камера: Трпе Стојкоски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Тим на ЦИВИЛ