• Latest

Не смееме да запреме! Да внимаваме, да не нé фатат на спиење!

January 3, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не смееме да запреме! Да внимаваме, да не нé фатат на спиење!

January 3, 2017 12:28
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Не знам. Не можам ни со сигурост да кажам дека сум/сме ја преживеала/ле 2016-та… Кога преживуваш нешто, би требало да станеш помудар. 2017-та ќе покаже дали сме ја преживеале 2016-та. Кога ќе станеме свесни дека секое „не се замарам со политика”, води кон десетгодишно расипништво на една фамилија, ќе кажам дека сме преживеале и дека сме пораснале.

simona-spirovska
Пишува: Симона Спировска

Кога ќе почнеме да не забораваме, ќе можам да кажам дека сме научиле. Кога ќе сфатат сите дека одење на протест е остварување на сопствените права, ќе можам да кажам дека сме преживеале.

Многу работи ме кршеа оваа година, ама ете, некако најважно беше да се стане и да се продолжи.  Пораснав, тоа е сигурно. 100 пати се разочарав. Видов како луѓе – борци за права, им ги оспоруваат правата на оние кои се, всушност, рамни на нив. Но, ете, тоа помина… Неколку пати ја видов и желбата да се стане маченик… И тоа го проголтав. За на крај, да се изнаслушам глупави шеги за ситнењето на отпорот.

ЕБР, Чавков и пријателите, ни беа најмалиот проблем оваа година, за жал. Неколку пати се покажа дека апсењата и пендрeците не го растураа  Отпорот. Напротив, по секое следно апсење, ние станувавме побројни. Опасноста од распаѓање, за жал, најчесто доаѓаше од луѓе за кои сум мислела дека ми се соборци. Од луѓе кои си дозволија да кажуваат кој смее,а кој не смее да протестира. Среќа, и тоа беше препознаено. Со задоцнување, се разбира, ама тоа тука е нормално. Кој од кога протестира, стана поважно од борбата… Помина и тоа. Останавме ние. Еден куп потенцијални Тамари и Мартини, од кои 450.000 поддржуваат мафија.

Ете, затоа не смееме да запреме.

Едно е сигурно. Сите пораснавме, заедно. Само да внимаваме да не нé фатат на спиење. Ништо не е завршено, а и никогаш нема да заврши. Не велам дека нема да одат во затвор, туку дека на сите следни кои ќе дојдат, треба да им дишеме во врат. За секој случај.

Во ова матно време, како што обично бива, театарот оствари неколку мали слатки победи. Можеби тоа е само мое чувство, но е волшебно. Успеавме да се избориме за „Заспаниот разум“ и за „Нашиот клас“, а таа борба ја роди претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш”.

Веројатно така ми помина 2016, во борба за слобода, на секое поле.

Ни останува секојдневно да се потсетуваме колку изгубивме, за да не го изгубиме и ова малку што ни остана. Низ годините изгубивме и луѓе, пријатели, соборци, но и луѓе кои не сум ги ни познавала, а нивната несреќа ја чувствувам како моја.

И за крај да се потсетиме, другари: Нема да им помине!

 

(Авторката е актерка и активистка)

Tags: „Заспаниот разум“„Нашиот клас“#Тамараборба за слободаЕБРМартинНема да им помине!Чавков
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ