• Latest

На полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025

September 11, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

На полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025

September 11, 2025 08:46
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денес на полноќ завршува јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии (ОИК).

Граѓаните  може да го направат јавниот увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и на нивната веб-страница и преку електронска пошта upisis@sec.mk можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список. Со барањето се приложуваат и потребните докази, а обрасците можат да се пронајдат на веб страната на ДИК (sec.mk).

Заклучно со 9 септември во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 во подрачните одделенија на Државната изборна комисија (ДИК) се провериле вкупно 5729 граѓани, од кои 3397 мажи и 2332 жени.

Како што информираа од ДИК за МИА, осум лица побарале запишување во Избирачкиот список, 136 лица побарале бришење – од кои 134 поради смрт и две лица поради отпуст од државата. Вкупно 59 лица побарале промена на податоците во Избирачкиот список најчесто заради промена на презиме или промена на адреса на живеење.

 

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужба, Управниот суд решава во рок од 24 часа и одлуката веднаш му ja доставува на тужителот по електронски пат. Правосилното решение на Управниот суд донесено по тужбата за запишување, промена и бришење е составен дел на потпишаниот Избирачки список од страна на ДИК.

ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври.

Барањето за доставување на Избирачкиот список политичките партии го доставуваат до ДИК по електронски пат, најдоцна на 11 септември.

ДИК во рок од три дена (најдоцна на 14 септември) од денот на завршување на јавниот увид, избирачкиот список го доставува до политичките партии кои доставиле барање до денот на завршување на јавниот увид.

Политичките партии во рок од пет дена од денот на приемот на избирачкиот список до ДИК  (најдоцна на 19 септември) доставуваат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци.

ДИК по поднесеното барање одлучува со решение во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.

Против решението на ДИК, политичката партија може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд е должен да одлучи во рок од 24 часа од денот на приемот на тужбата.

Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од завршувањето на јавниот увид на 12 септември доставува, листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или патна исправа по било кој основ од денот на
распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. ДИК податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.

Органот надлежен за извршување на санкциите, најдоцна 30 дена пред денот определен за избори доставува податоци за лицата кои се во притвор или се наоѓаат на издржување казна затвор врз основа на евиденцијата што ја води овој орган до ДИК. Податоците се доставуваат на магнетен медиум и задолжително го содржат единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). (најдоцна на 18 септември)

Министерството за социјална политика, демографија и млади најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, врз основа на сопствена евиденција и врз основа на доставените податоци од одговорните лица во установите за вонсемејно згрижување, до ДИК доставуваат податоци за лицата кои се пријавиле за гласање во установи за вонсемејно згрижување. (најдоцна на 18 септември)

Основните судови до ДИК доставуваат податоци за лицата на кои со правосилна судска одлука им е целосно одземена деловната способност или делумно одземена деловна способност при што судот утврдил дека лицето нема способност да изрази правно релевантна волја на избори и податоци за лицата на кои им е изречена мерката притвор. (најдоцна до 18 септември)

Избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, ДИК го заклучува најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид, најдоцна на 26 септември. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите односно најдоцна на 3 октомври.

Локалните избори се закажани за 19 октомври. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: увид во избирачки список
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ