• Latest
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025 12:25
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 630 лекари во Србија вчера, во отворено писмо, оценуваат дека ако државата ги злоупотребува и апси оние кои се грижат за повредените, таа ја злоупотребува и апси „самата идеја за несебично дејствување и значењето на меѓучовечкото разбирање“.

Во отворено писмо, што го објави порталот Н1, лекарите наведоа дека кога полицијата извршила „демонстрација на сила“ на протестот на 5 септември во Нови Сад, меѓу приведените граѓани бил и лекар – член на тимот за прва помош, кој бил јасно и видливо обележан во моментот кога пружил прва помош.

„Друг колега претрпел повреди откако бил удрен со палка. Еден дел од медицинскиот тим бил заробен со часови во зградата на Ректоратот под полициска опсада. Легитимни, изолирани, без можност да им помогнат на повредените граѓани, се чувствувале како заложници, а не како лекари“, нагласуваат лекарите кои го потпишаа писмото.

Во тој момент, како што е наведено, „репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, уривајќи ја границата на цивилизацијата кон варварство“ – конвенциите беа прегазени, „аманетот на предците беше обесчестен, и осрамотенo наследството на идните генерации“.

„Како лекари, сведоци на насилство, ние зборуваме на јазикот на професијата и совеста: Општество кое ја нормализира дехуманизацијата страда од губење на емпатијата. Наредбите што ја бришат личната одговорност создаваат механизам на злото идентичен со оној на војните и диктатурите. Униформа без човечност наместо штит станува алатка за насилство. Ние не се согласуваме со такви услови“.

Здравјето на заедницата, според нив, не се мери според бројот на болници или километри изградени патишта, туку според тоа дали достоинството и правдата се третираат како луѓе што треба да се заштитат, а не како непријатели што треба да се избришат од лицето на земјата.

Лекарите изјавија дека нивниот професионален интегритет не им дозволува да молчат и дека молчењето пред ова насилство би било „ништо друго освен соучество и понижување на академскиот идентитет“.

„Затоа бараме и јасно велиме: Стоп на репресијата и насилството врз граѓаните. Ние сме лекари, но пред се сме луѓе кои одбиваат понизно да ги спуштат главите. Нашата заклетва нè обврзува да кажеме: не, не на насилството, не на дехуманизацијата, не на општеството во кое децата се борат, а заедно со нас, тие се апсат“, се наведува во изјавата на лекарите, кои рекоа дека нема да се повлечат.

„Зад овие зборови стоиме со име и презиме. И нема да се повлечеме“./ МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ