• Latest

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

September 27, 2025

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

September 27, 2025 12:37
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Има гужви на граница? Колку време се чека за влез во Грција? Во колку е најдобро да тргнеме за да ги избегнеме колоните? Да одиме преку Богородица или преку Дојран? Беа најчесто поставуваните прашање во изминатите месеци на социјалните мрежи во групите за туристи, пред сè од Балканот, кои разменуваа искуства за нивниот летен одмор во Грција и како најлесно и најбрзо да стигнат до нивната дестинација.

Не е мал бројот на оние кои чекале и над три часа за влез во Грција, а за македонска туристка, како што сведочи за МИА, патувањето од Скопје до вториот крак на Халкидики траело речиси 11 наместо пет часа, доколку на граничниот премин немаше гужви.

Сето ова се очекува да се смени откако ќе заврши надградбата на граничниот премин Евзони, што го најави Министерството за внатрешни работи на Грција, проект во висина од 24,6 милиони евра, но од друга страна пак новиот систем (ЕЕС) за влез и излез што пилотски стартува на 12 октомври може дополнително да го отежне функционирањето на преминот, како што за МИА посочува претседателот на Унијата на полицајци од Килкис Христос Карјотудис.

Проектот „Надградба на граничниот премин Евзони – Килкис“ на Министерството за внатрешни работи на Грција, предвидува архитектонска и енергетска надградба на постоечките објекти и инфраструктура; сообраќајна надградба на патната мрежа преку прераспоредување на активностите, како и обезбедување на потребните услови за значително подобрување на услугите за пасошката, царинската, фитосанитарната и ветеринарната контрола, а соодветната одлука од надлежниот министер беше потпишана минатиот месец.

За модернизацијата на преминот од грчка страна, извори од надлежното грчко министерство за МИА објаснуваат дека целта е токму да се намали чекањето, особено во летните месеци, посочуваат дека станува збор за голем проект, додека пак додека траат работите, граничниот премин ќе функционира нормално и без проблеми.

Паралелно, со надградбата на граничниот премин, според надлежното Министерство, Грција ќе се усогласи и со соодветните ЕУ регулативи што ја уредуваат прекуграничната размена на лица и стоки, како што се: Регулативата за системот Шенген, Системот за влез-излез (ЕЕС); Системот ЕТИАС, со Европската гранична и крајбрежна служба ФРОНТЕКС (ЕУ 2019/1896), Царинскиот кодекс на ЕУ) и со Фитосанитарните и ветеринарните регулативи.

На 12 октомври започнува пилотски системот за влез/излез, односно за регистрација на државјани на трети земји што ќе се имплементира постепено и во фази, а предвидува земање биометриски податоци, односно отисок од прст и фотографија, пишува МИА. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ