• Latest

Најавени протести во Атина против посетата на Помпео

October 5, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Најавени протести во Атина против посетата на Помпео

October 5, 2019 10:29
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Потпишувањето на договорот за одбранбена соработка САД- Грција, ќе биде во фокусот на посетата и средбите на американскиот државен секретар Мајк Помпео во Атина, а според министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас разговорите во грчкото МНР ќе ги покријат и сите останати теми од грчки интерес, Турција, Кипар, како и ситуацијата на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.

Помпео вчера околу 20 часот пристигна на атинскиот аеродром од Охрид, а го пречека шефот на грчката дипломатија.

Дендиас на неговиот официјален Твитер напиша дека со голема радост го пречекал Помпео на неговата прва посета на Грција, додека пак од амбасадата на САД во Атина, исто така преку Твитер, му посакаа добредојде на американскиот државен секретар.

„Вашата посета доаѓа во момент на исклучителна можност во односите меѓу САД и Грција – продлабочување на врските во инвестициите, енергијата, одбраната и друго“, напишаа од американската амбасада во Атина.

Американскиот државен секретар средбите во Атина ќе ги започне утрово со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, потоа ќе се сретне со министерот за одбрана на Грција, Никос Панајотопулос, а потоа, во 12.30 часот по локално време со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас со кој ќе го потпишат договорот, по што ќе следи и прес конференција за медиумите.

Никос Дендиас, говорејќи синоќа за грчката телевизија „Антена“ рече дека станува збор за промени во одбранбениот договор меѓу двете земји од 90те години, а потпишувањето доаѓа по преговори кои траеле со месеци.

„Тоа е договор, кој сметаме дека ја заштитува нашата земја, ги заштитува нашите интереси, го зголемува американскиот одбранбен отпечаток во нашиот регион. Понатаму, разговорите со господинот Помпео ќе ги опфатат сите грчки интереси. Односно, ситуацијата на Балканот, нашите односи со Турција, кипарскиот проблем, неприфатливите турски провокации, нарушувањето на суверенитетот и суверените права на Република Кипар и сите пошироки прашања на Источниот Медитеран“, рече Дендиас и додаде дека е трет пат што ќе се види со Помпео во период помал од три месеци, а и е прва посета на Атина на американски државен секретар.

Министерот за надворешни работи на Грција вчера оствари средби со претставниците на партиите кои учествуваат во националниот совет за надворешна политика, за да ги информира за договорот за одбранбена соработка меѓу Грција и САД.

Амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, говорејќи на годишниот економски форум на грчкото здружение на претприемачи во понеделникот, рече дека Соединетите американски држави направија стратешка инвестиција во односите со Грција, и сега гледаат можност односите што беа многу силни со претходната влада да се кренат на ново ниво.

Пајат додаде дека договорот за одбранбена соработка ќе биде важен дел од агендата на Помпео во Атина, но уште поважно е што САД гледаат на Грција како „столб на стабилноста во многу комплицираното и понекогаш нестабилно соседство кое се протега од Источниот Медитеран, сите предизвици што произлегуваат од Блискиот исток, од Мала Азија, од Балканот, од Црното Море“.

Во понеделник, откако Помпео ќе замине од Атина, ќе се одржи вториот стратешки дијалог меѓу САД и Грција.

„Секретарот Помпео ќе биде тука во петок, сабота и недела, а потоа во понеделник ќе го имаме вториот круг на стратешкиот дијалог САД -Грција, што ги обединува сите различни столбови од работата што ја правиме заедно: одбранбените теми, нашата инвестиција во економската соработка, нашата енергетска соработка, нашите врски меѓу луѓето, борбата против тероризмот. И мислам дека тоа е една од работите што навистина ги разликува односите денес. Ние соработуваме како партнери, како сојузници, како земји што делат интереси и како земји што делат вредности“, рече Пајат во понеделникот.

Протести во Атина против посетата на Помпео

Во исто време со средбата во грчкото МНР на американскиот државен секретар, Мајк Помпео со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, во центарот на Атина ќе се одржат два протести, едниот организиран од Комунистичката партија на Грција, другиот од анархистички и левичарски здруженија и организации, јави дописничката на МИА од Атина.

И двата протести се против посетата на Помпео на Грција.

Комунистичката партија, под слоганот „Pompeo go home!“, ќе маршира до амбасадата на САД во Атина.

Според медиумите во Грција, за безбедноста на американскиот државен секретар во грчката престолнина, ангажирани ќе бидат околу 1000 полицајци.


Извор МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ