Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ 24 истакна дека неговата партија сака избори со нормална кампања која подразбира и митинзи и теренски активности. Како дел од причините ги наведе и неможноста да се сретнат со земјоделците, но и немањето доволно средства за Фејсбук кампања.
„Ние нема да одиме на Фејсбук избори. Фејсбук кампања не е кампања. Земјоделците и тутунарите нема од Фејбсук да се информираат што ние ќе направиме за нив. Треба да отидеме кај нив, да им ја стегнеме раката и да им објасниме што ќе направиме. Ние сакаме избори со нормална кампања. Мора да имаме избори во кои ќе можеме да се презентираме на граѓаните. Сите теренски активности и митинзи. Ние сме опозицијата, немаме друг начин да се претставиме. Ние немаме илјадници евра да пуштиме спонзорирања на Фејсбук. Ние немаме пари за да правиме скапи кампањи“, изјави Николовски, потпретседателот на најбогатата партија во Европа.
Да е иронијата поголема, „најзагрижената“ партија за здравјето на граѓаните сака да стиска раце со народот во време на пандемија…