• Latest

Најчевска: Декларативно сме напредни, ако загребеме под површината ќе изникне неверојатен отпор

July 21, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Најчевска: Декларативно сме напредни, ако загребеме под површината ќе изникне неверојатен отпор

July 21, 2019 11:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот закон за основно образование предвидува сериозни промени во однос на инклузијата на учениците со посебни образовни потреби во редовниот образовен систем, односно редовните училишта. На оваа тема разговараме со професорката Мирјана Најчевска, која покрај тоа што сериозно се застапува за човековите права, е една од најжестоките борци за имплементирањето на целосна инклузија во образовниот систем.

ЦИВИЛ МЕДИА: Јавноста деновиве повторно се разбранува околу новиот предлог закон за основно образование, особено во делот кој се однесува на инклузијата на децата со посебни образовни потреби. Министерот Адеми, од една страна, најави зачеток на нешто што би претставувало тотална инклузија, но од друга страна Институтот за специјална едукација и рехабилитација инсистира на тоа и понатаму да се продолжи со комбинираниот модел на инклузивно образование. Кој е вашиот став во однос на ова?

НАЈЧЕВСКА: Според мое мислење, ние уште многу одамна требаше да влеземе на таа линија на потполно вклучување на децата со попреченост во редовното образование. И покрај тоа што на некои од интернет страниците на Бирото за развој на образованието се вели дека ние имаме инклузивно образование, со тоа што специјалните училишта се дел од еден систем. Не, тоа не е инклузивно образование, бидејќи, на тој начин децата коишто имаат било каква попреченост се издвоени од она што претставува заедничко живеење, заедничко учење и развивање на способности за да се биде дел од заедницата во којашто понатаму треба да живеат и да работат. Значи лично мислам дека не треба да постојат ниту специјални училишта, ниту, пак, посебни паралелки, во редовните училишта, туку дека децата со попреченост едноставно треба да бидат внесени во редовното образование. Заради тоа што ние не разбираме дека секој од нас, можеби, во некој момент, секој од нас имал некој вид на попреченост, има попреченост и може да има попреченост.

Да речеме, со тоа што јас носам очила, јас сум била дете со попреченост, од моја трета година на возраст. Значи, доколку сум ја немала алатката очила, јас ќе требало да бидам во специјално училиште и да учам по посебни програми, коишто од не знам кој причини се прилагодени за мене како дете со оштетен вид или нешто слично.

Многу мал процент на деца од децата со попреченост, и тоа со многу голема интелектуална или ментална попреченост, се деца за коишто би требало да наоѓаме некои посебни начини на остварување на нивното право на образование. Најголемиот дел, коишто чинат над 98% од децата треба да влезат во образованието и да им се овозможи да се изнајдат алатки, да се создадат услови за да можат тие на еднаков начин, како и другите деца, да го остварат своето право на образование и да го достигнат највисокиот можен потенцијал на она што можат тие како луѓе да го постигнат.

 

Тоа е корисно заради две нешта. Освен што е остварување на едно базично право. Прво, тие деца ќе станат луѓе коишто можат да бидат дел од заедницата, коишто ќе бидат корисни членови на заедницата, коишто можат да работат, коишто можат да извршуваат одредени задачи. Меѓу нив може да има и талентирани и помалку талентирани, меѓутоа луѓе коишто нормално ќе заработуваат за својот живот и нема да бидат на терет на заедницата. Од друга страна, децата уште од најмала возраст ги учиме како да се справуваат и да ја почитуваат различноста. Како да се однесуваат спрема луѓето коишто заради некоја работа се различни од нив. Како да им помагаат на оние на коишто им треба помош. И во исто време да развиваат и такви карактеристики како што се емпатија, како што е тимската работа или градење на колективи и слично. На тој начин ќе се овозможи во работната средина во иднина да можат да ги прифатат овие луѓе и многу добро да функционираат со нив.

 

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали сметате дека како општество сме подготвени да ја имплементираме инклузијата? Ако ја земеме инклузијата како еден процес којшто не го вклучува само образованието, туку целиот општествен живот на една индивидуа? Дали можеби треба да се работи на предучилишната возраст, имајќи предвид дека голем дел од децата со попреченост се исфрлени од градинките?

НАЈЧЕВСКА: Ова ми е најпроблематичното прашање и тоа од неколку причини. Прво, не знам дали сме како општество спремни да пристапиме кон потполна инклузија заради тоа што ние како општество воопшто градиме образовен систем којшто е непријателски спрема децата.

Според многу мерења и многу истражувања ние имаме многу агресивни деца во образованието. Деца коишто не знаат што е дисциплина, коишто не ги знаат границите на однесувањето, коишто немаат елементарна, општа култура на меѓусебно однесување. Значи целиот наш образовен систем е многу лош. Тој е лош и за деца коишто немаат некој посебен проблем. Односно, ние кај децата создаваме проблеми кога ќе влезат во образовниот систем. И сега, ако ги внесеме и децата коишто имаат попреченост, прашање е како ваквиот образовен систем ќе се одрази на нив. Меѓутоа, тоа е нешто коешто треба да го перцепираме, да го идентификуваме и да најдеме начин како да го градиме образовниот систем да биде добар за сите деца, и за децата со попреченост и за децата без посебни проблеми.

Вториот елемент е неразбирањето дека училиштето не функционира како некаква издвоена единка во заедницата. Туку дека заедницата е таа којашто треба да го поддржува училиштето. Идејата на инклузијата е токму тоа, дека не се справуваат наставничките сами во училиштето со децата, туку тие добиваат неверојатно голема поддршка од целата заедница. Тоа значи дека секое дете со попреченост автоматски е поддржано од посебни ресурсни центри коишто даваат помош со посебни дефектолози или стручна и експертска помош којашто им е потребна. Потоа, медицинската помош од локалните институции, болници, амбуланти и слично. Потоа, невладините организации коишто треба да бидат многу вклучени во работата на училиштето. Па дури и вклученост на родителите којашто кај нас навистина е сведена на минимум, а коишто, исто така, можат многу да помогнат во она што претставува создавање на атмосфера во којашто може овие деца со попреченост на еднаков начин да го остваруваат своето право на образование.

Тука не станува збор за тоа да го фрлиме детето со попреченост во училиште и да кажеме еве ви го правете со него што сакате. Туку да изградиме цел систем на поддршка и за самото училиште, и за самиот наставник, и за сите деца во одделението во коешто се наоѓа тоа дете и за самото дете.

ЦИВИЛ МЕДИА: Неодамна ЦИВИЛ Медиа направи една анкета меѓу граѓаните, токму на оваа тема, за нивните ставови околу новиот предлог закон за основно образование и инклузијата. Поголемиот дел од нив декларативно и начелно се за инклузија на децата со посебни потреби во редовниот образовен систем, но од друга страна, во еден дел од нивните одговори тие го истакнуваат токму фактот дека ние како општество се уште не сме спремни за целосна инклузија. Односно, тие сметаат дека покрај сите овие работи коишто и вие ги набројавте, а треба да се направат во контекст на поддршка на училиштата,не  ние како општество не знаеме и немаме навика да ги учиме своите деца за тоа како треба да се однесуваме кон лицата со посебни потреби. Кој е вашиот коментар на ова?

НАЈЧЕВСКА: Јас не верувам дека родителите на децата коишто немаат попреченост се спремни да прифатат инклузивност во училиштата во коишто одат нивните деца. Многу често тие родители даваат социјално посакувани одговори, декларативно сакаат да се претстават дека се многу напредни, полни со разбирање и слично. Меѓутоа, само малку ако се загребе ќе се види дека тие имаат неверојатно голем отпор којшто е карактеристичен за некои примитивни општества во коишто попреченоста е казна божја и дека децата и луѓето со попреченост треба да се кријат, треба да се тргаат од окото на јавноста.

Вториот елемент е оној кој јас навистина не знам од каде им доаѓа, меѓутоа, најверојатно има некоја логична врска, став, дека нивните деца помалку ќе научат, односно, помалку ќе напредуваат заради тоа што во нивната околина ќе има дете со попреченост. Од лично искуство знам дека не е така.

Мојата ќерка од прво одделение била во одделение со дете коешто има интелектуална попреченост и таа не само што не заостанала во својот развој, туку, напротив, со тоа што цело време се трудела да му помогне на тоа дете, со тоа што цело време му ги прераскажувала лекциите, со тоа што цело време работела со него, кај нејзе се развиле посебни вештини. Посебен начин на разбирање на работите. Посебен начин на комуникација. Којшто понатаму, пак, и помогнал и во нејзиното работење и во нејзиниот развој и во се она што претставува нејзин личен интелектуален напредок. Така што го имам доживеано тоа и мислам дека едноставно станува збор за многу големо незнаење, за многу големи предрасуди кај луѓето. Исто така, мислам дека тука не смее да се препушти на она што претставува општа перцепција, општ став, општо мислење туку дека треба да се најдат системски решенија со коишто ќе се наметне инклузијата затоа што само на таков начин можеме да почнеме да го градиме тој систем.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во наредниот период предлог законот ќе влезе во собраниска процедура. Кои се вашите препораки и пораки за оние коишто ќе одлучуваат во Собранието?

НАЈЧЕВСКА: Јас навистина сметам дека во законот мора да влезе инклузијата како апсолутна инклузија. Како нешто коешто подразбира почитување на она што претставува еднакво право на образование на сите деца и еднакви шанси за сите деца. Меѓутоа, тоа не е поврзано само со децата, туку, претставува градење на општество во коешто ние ја препознаваме различноста. Затоа што од тука почнува тоа препознавање. Јас би препорачала во законот да влезат многу ригидни, многу строги норми, со коишто ќе се импутира инклузијата во заедницата. Сето она што ќе се прави понатаму е да се наоѓаат начини за како тоа да се овозможи. Да речеме, ако детето коешто има оштетен вид, го ставиме во одделение, во редовно училиште, тоа да добие алатка со којашто ќе може да ја надмине пречката на оштетување на неговиот вид. Ако има оштетен слух исто. Ако има оштетен говор исто. Ако има некое физичко оштетување исто така. Па и она што претставува лесна интелектуална, ментална или друг вид на попреченост. Тука секако би ги споменала и ретките болести коишто кај нас многу често се третираат како вид на попреченост и коишто ги оневозможуваат децата да бидат дел од редовното образование.

Маја Ивановска
камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Биљана Јордановска


Инклузијата меѓу декларативноста и реалноста


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share79Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ