И на овие избори, 6 изборна единица бележи најмала излезност на гласање од првите утрински часови со отварањето на избирачките места.
Во целата 6 единица до 09:00 часот правото за глас го искористеле 3.63% од регистрираните гласачи, или вкупно 11.241 лица. Во оваа изборна единица, општина со најмала излезеност е Врапчиште со само 1.39%, а по неа се поранешните кичевски општини Зајаз и Осломеј со 1.69%.
Најмногу на гласање излегле во општина Тетово, 4.78% до 09:00 часот. Од Општинската изборна комисија информираа дека сите избирачки места биле отворени на време, немало проблеми и гласањето тече според пропишаното и здравствените протоколи.
Излезеноста по општини во 6 ИЕ: Тетово – 4.78%, Теарце – 2.97%, Јегуновце – 4.17%, Желино – 1.64, Гостивар – 3.47%, Кичево (Зајаз и Осломеј) – 1.69%, Врапчиште – 1.39%, Брвеница 3.67% и Боговиње 2.52%.
А. З.