Досега 155 патници се спасени, а најмалку 27 милитанти и 12 војници се убиени од средата наутро, откако вооружени милитанти во пакистанската област Белучистан во вторникот го нападнаа експресниот воз Џафар додека патуваше од Квета до Пешавар, со повеќе од 400 патници и зеле голем број од нив како заложници, објавија локалните медиуми, пренесува WION news.
Меѓу ослободените има и 17 повредени патници, кои се примени на лекување во болница.
Во меѓувреме, тројцата војници кои се здобиле со повреди се сместени во Медицинскиот центар Болан
Според локалните извештаи, милитантите се заканувале дека ќе ги убијат заложниците доколку властите не ги ослободат политичките затвореници Балух во рок од 48 часа. Акцијата за спасување е во тек.
Д. Мишев