• Latest

НАкС бара колективен договор поради огромните разлики во платите на универзитетските професори

November 22, 2019

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензиите со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025
Фотографија: Скриншот - Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (faz.net)

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим пред половина милион луѓе

July 7, 2025
Фото: Wikimedia commons

Јулска сесија на Европарламентот, на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
80 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo: Screenshot Sky Tv

Во поплавите во Тексас загинаа најмалку 80 луѓе, меѓу кои 28 деца

July 7, 2025

(ГРАЃАНСКИ ФОРУМ) РЕАКЦИИ: Да се воведе данок на глупост за да се пополни буџетот, да се изгласаат уставните измени или да си одат – им порачаа граѓаните на властите

July 7, 2025
Фото: ДЗС

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Израел изврши напади врз цели на Хутите во Јемен, први по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

July 7, 2025
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

НАкС бара колективен договор поради огромните разлики во платите на универзитетските професори

November 22, 2019 14:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со коефициенти за плата во согласност со работните места, а факултетите се нееднакви во можноста самостојно да одлучуваат за што ќе ги трошат сопствените средства т.е. парите што ги добиваат од партиципацијата на студентите, пренесува МИА.

Независниот академски синдикат (НАкС) бара во најкраток рок да се склучи колективен договор за високо образование и наука.  Предлог доставиле до Министертството за образование и наука и чекаат да бидат поканети од ресорниот министер.

Професорките Маја Стевановиќ, Мирјана Најчевска и Мимоза Ристова денеска на прес-конференција презентираа резултати од неколкумесечна анализа на платите на вработените во јавните универзитети, која, како што велат, покажува фрапантен дисбаланс во распределбата на средствата. На нивно барање од МОН добиле, како што велат, нејасен критериум за пресметка на плата на највисоко звање на универзитет – редовен професор, коефициент со три децимали (3.921) кој не го дава реалниот износ на просечна плата на редовен професор, кој е околу 550 евра (податок од 1 јануари 2019).

„Од 2010 до 2018 година државниот Буџет пораснал за 38 проценти, но платите во јавниот сектор не го следат тој пораст. Ова особено се однесува на секторот образование (основно, средно и високо) во кој од 2011 па се до последното покачување во август 2019, платите на вработените се зголемени за трипати помал процент отколку што изнесува процентуалното зголемување на Буџетот… Од 2011 до пред последното покачување во август 2019, нето-платите на вработените во јавните универзитети и научни установи биле покачени единствено во 2014 година за само 3,8 проценти“, рече Ристова.

Нивното истражување укажува на големи разлики меѓу платите за иста работа и вложен труд на различни универзитети.  На УКИМ и УКЛО  има случаи кога редовни професори се со пониска плата од доцент на Државниот универзитет во Тетово, а на Битолскиот универзитет на пет факултети се исплаќа плата околу или повисока од илјада евра, а на УКИМ, иако е двојно поголем, илјада евра плата се зема на три факултети…

Има и огромна внатрешна неправедна распределба во рамки на еден универзитет. На УКИМ речиси една третина од редовните професори (31 отсто) земаат плата под 40.000 денари (16 проценти до 38.000, а 15 отсто меѓу 38.000 и 40.000), највисок процент (45 отсто) на УКИМ се со примања од 40.000 до 50.000, 13 отсто земаат меѓу 50.000 и 60.000 денари, а само 11 проценти на Скопскиот универзитет примаат плата над 60.000 денари.

Притоа, во одговорот што го добиле од МОН, единиците (факултетите) за кои се соопштуваат платите не се именувани, туку се посочени со броеви. Во анализата се изземени Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет зашто нивните професорите работат и во дејноста здравство, покрај образование.

„Само на три единици на УКИМ просечната плата на редовните професори е над границата од 60.000 денари. Најниската просечна плата за редовни професори е само 36.194 денари (единица бр. 23), а највисоката дури 122.205 денари (единица бр. 5), што претставува разлика од 3,38 пати“, рече Ристова на презентацијата.

Професорката Најчевска рече дека Националниот совет за високо образование, кој според новиот закон требаше да проработи до март годинава, треба да утврди методологија за плати и дека поради непостоењето на тоа тело, сѐ останува, како што рече, во рацете на МОН и зависи од неговата одлука како, кому и колку ќе распредели од парите од основниот буџет на МОН за јавните високообразовни установи.

„Без поставени критериуми и правила, МОН ја прави распределбата на крајно непознат начин, како ќе им падне на памет во моментот, со многу големо партиско и политичко влијание и со ад хок решенија“, рече Најчевска.

Самоволие, велат од НАкС, има и во однос на тоа како се трошат парите од сопствени приходи, т.е. оние што факултетите ги добиваат од партиципацијата на студентите. Тие се наменети за подобрување на квалитетот на наставата, но некои факултети со дозвола од Министерството за финансии тие пари ги користат за да си ги зголемат платите, а на други факултети тоа не им е дозволено. Тоа, според нив, не е само неправедност, туку и системска корупција затоа што на овој начин професорите се принудени да го спуштат критериумот за преодност на студентите за да не го загубат приходот од нивната партиципација.

Бараат колективен договор со критериуми што правилно ќе ги утврдат коефициентите на сложеност на работните места, забрана на еднострано менување на вредноста на коефициентот  од страна на МОН и систем на вреднување кој ќе овозможи за иста сложеност, ист обем на работа и исто образование да се добива иста плата на јавните високообразовни и научни установи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ