ЦИВИЛ и денеска продолжува со серија оналјн панел дискусии, интервјуа и други активности во рамки на „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“. наслов „Национализам“.
Панел дискусијата на тема „Национализам“ со Дехран Муратов, ЦИВИЛ, Фари Хисени од МОФ, актерката Владанка Димовска и Самет Шамани од Хоризонт Цивитас ќе започне во 12 часот и ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на организацијата. Предвидени се и серија интевјуа со Мерита Максути, Мерсиха Смаиловиќ, Џевдет Хајредини, Виолета Димовска…
Програмата вчера започна со едночасовна панел дискусија со универзитетските професорки Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Потоа со почеток во 11:30 се одржа панел дискусијата со Петрит Сарачини (ЦИВИЛ) и Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис). Активистите Јане Ѓорѓиоски и Ариан Мехмети разговараа на темата во терминот од 13 до 14 часот. Активистот Бранимир Јовановиќ говореше за национализмот и социјалната правда.