• Latest

Кажете го своето мислење: Кои се вашите барања од новата влада?

August 7, 2020

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Кажете го своето мислење: Кои се вашите барања од новата влада?

August 7, 2020 14:46
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ги повикува сите свои членови и поддржувачи, соработници сите граѓанки и граѓани да ги споделат своите очекувања, предлози и барања за идната Влада на Република Северна Македонија. Оваа најнова акција го носи називот: „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Најдобрите прилози ќе бидат објавени, а авторите на најквалитетните текстуални и видео прилози ќе добијат и паричен надоместок (хонорар), соодветно на проектните и буџетските можности на организацијата.

Каква влада очекувате да формира мандатарот? Што треба да направи владата, каква програма треба да донесе? Што им е најважно на граѓанките и граѓаните? Како да се оствари тоа?

Сите се поканети да учествуваат и да дадат предлози во областа на човековите права и слободи, правосудството, меѓуетничките и меѓуверските односи, изборниот систем, социјалната правда, образованието, здравството, културата, економијата, евроатлантските процеси, меѓународните односи, дијаспората, безбедноста, борбата против корупцијата и хибридните закани, како и други области што се во интерес на граѓанките и граѓаните.

Пожелно е прилозите да бидат фокусирани на една тема. Учесниците во оваа акција за прибирање мислења, предлози и барања, можат да се потпишат и да испратат фотографија со кратка биографска белешка (максимум 10 реда), можат да се снимаат со видео обраќање, но можат да побараат да останат и анонимни. Исто така, тимот за медиумска продукција стои на располагање и за снимање на заинтересираните. Прилозите треба да се испраќаат на civil@civil.org.mk со назнака: „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Прилозите треба да бидат реалистични и да се однесуваат на мерки и процеси кои се актуелни и остварливи, особено во контекст на освоените места на партиите во парламентот. Врз основа на пристигнатите материјали, заедно со анализите и препораките на тимот и експертскиот борд на ЦИВИЛ, ќе се подготви посебен документ кој ќе биде доставен на Владата кога таа ќе се формира.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ