• Latest
EPA-EFE/Georgi Licovski

Навршува една година од пожарот во модуларната болница во Тетово, не се знае кога ќе се отстрани опожарениот објект

August 6, 2022

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Навршува една година од пожарот во модуларната болница во Тетово, не се знае кога ќе се отстрани опожарениот објект

August 6, 2022 14:29
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
EPA-EFE/Georgi Licovski

EPA-EFE/Georgi Licovski

Share on FacebookShare on Twitter

Наскоро навршува една година од трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица, а опожарениот објект сѐ уште не е отстранет. Здравствените власти за Порталб.мк велат дека во тек е постапка за собирање понуди за отстранување на тоа што останало, пишува Портал.мк.

За многу граѓани овој објект се претвори во ноќна мора и буди тажни спомени секогаш кога ќе го видат. Во меѓувреме, деца од околните маала поминуваат и играат во објектот, што не е безбедно. Во близина на опожарената зграда денеска се паркираат и автомобили, а во близина може да се забележи и мини депонија со отпадоци.

Од Министерство за здравство (МЗ) и Тетовската болница велат дека објектот наскоро ќе биде отстранет, но без да наведат конкретен рок.

„Фазата на проценка на вредноста, која беше спроведена минатиот месец, веќе е завршена. Во моментов тече постапка утврдена со закон за прибирање понуди за отстранување на преостанатите делови од објектот“, соопштија од МЗ и Тетовската болница.

Потсетуваме, Обвинителството им даде согласност на институциите за отстранување на остатоците од објектот.

Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против три физички и едно правно лице за случајот со опожарувањето на болницата.

Се дознава дека станува збор за поранешниот директор на болницата, здравствениот директор, раководителот на КОВИД Центарот и Тетовската болница како правен субјект, но имињата не се потврдуваат официјално.

„Јавното обвинителство и во овој, како и во секој друг предмет во кој постапува, ја штити пресумпцијата на невиност и не го објавува идентитетот на осомничените или обвинетите. По поднесувањето на обвинителниот акт, предметот продолжува со судска постапка во Основниот суд Тетово“, соопштија од Обвинителството.

Првите двајца се товарат по член 292, а во врска со член 288 од Кривичниот законик за – Тешки кривични дела против општата сигурност.

Трето – обвинетиот за кривично дело Непочитување на здравствените прописи за време на епидемија по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Правното лице се товари за кривичното дело – Предизвикување општа опасност по член 288 и Непостапување согласно здравствени прописи за време на епидемија според член 206.

Обвинителството на Тетово поднесе пријава до Судот во Тетово, но истото се очекува да биде процесуирано после 15 август, кога судиите ќе се вратат од годишен одмор, и  потоа ќе продолжат и другите постапки.

„Начинот на кој избувнал пожарот е утврден со вештачење на локални и германски експерти, чии наоди обвинителството ги објави во текот на постапката“, заклучија од Обвинителството.

Во извештајот на крим-техниката било проценето дека пожарот настанал од краток спој во приклучниот кабел на дефибрилаторот.

Страшниот пожар што ја претвори во пепел модуларната болница во Тетово, со себе однесе 14 животи на пациенти кои се лекувале од ковид-19, но и членови на семејствата кои биле внатре. 14 лица беа спасени пред објектот целосно да изгори./МЕТА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ