Жбогар вика се уште немало резултати по препораките на УНЕСКО за спас на Охрид
А бе душо, знаеш ли ти кај си? Што попрво за две недели?! Па документот треба да се отвори, а интернетот у општина слаб, паѓа нон-стоп. Плус у некој формат е со фонт што не е инсталиран у компјутерот на секретарката, па не се чита. Викнат е информатичар да ја среди таа сложена работа. Уствари распишан е конкурс за хонорарни информатички услуги, да си биде се по закон, нели. Башка се кубури со хартија за печатење, се чека на тендерот за канцелариски материјали. А и ако успеале некако да се снајдат, да ги испринтаат препораките, може чекаат архивско бројче. Архиварката е на одмор, замената на боловање, а чуварот е со четврто одделение, не знае да пишува, само се јавува на телефон Мислам, стварно треба да се има обзири. Чекај малку човече, кај брзаш? Ќе биде еден ден, полека
Брза кучка слепи кучиња раѓа
https://www.facebook.com/kalinakosi/posts/681600882262271
фејсбук статус на Калина Коси