Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.
Граѓаните два месеца не можеа да извадат лични карти бидејќи во Собранието беше блокирано донесувањето на законот за лични карти од страна на опозициската Левица со над 1.500 амандмани.
Според опозицијата, регулирањето на ова прашање со подзаконски акт е кршење на Уставот и на законите. За Власта, од друга страна, издавањето на лични карти и без да се донесат законските измени е сосема легално, а МВР како надлежна институција и министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците.
Старите лични карти на кои се уште не им е истечен рокот ќе важат до 12 февруари 2024 година












