Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флахерти, ја промовираше книгата и фото-изложбата „Неслушнатите 12 милиони“, посветени на правата на Ромите и Патниците.
Книгата преку лични сведоштва и фотографии пренесува приказни за борбата за еднаквост на околу 10 – 12 милиони луѓе, од кои 6 милиони живеат во ЕУ. Комесарот О’Флахерти порача дека тие и понатаму се соочуваат со системска дискриминација и омраза.
„Ова е еден од најголемите скандали за човековите права во Европа. Времето на рамнодушност заврши,“ изјави комесарот, повикувајќи ги европските власти и општествата да преземат конкретни мерки за еднаквост и правда.
Изданието опфаќа искуства од Финска, Грција, Ирска, Северна Македонија и Словачка, а изложбата ќе патува низ главните европски градови.
Д.М.