• Latest

Николај Крстев, аналитичар: Бугарија ја води антибугарската кампања во Македонија

November 12, 2020
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Николај Крстев, аналитичар: Бугарија ја води антибугарската кампања во Македонија

November 12, 2020 12:23
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Николај Крстев, долгогодишен новинар, дописник на Бугарското национално радио (БНР) од Белград и Москва, признат аналитичар и одличен познавач на состојбата во Западен Балкан за offnews.bg вели дека е проблем кога внатрешната политика на една земја станува меѓународна. Според него, двете политички партии со предзнак ВМРО во двете земји работат против ЕУ, а во корист на Пекинг и Москва.

„Опаѓањето на бугарско-македонските односи почна кога нашата земја посака нејзин почесен конзул во Македонија да биде тамошен бизнисмен, којшто е нивниот еквивалент на Дељан Пеевски – Јордан Камчев(ски). Тој има огромен бизнис и многу ѝ помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш Скоје одби и јас уште не можам да си претставам зошто избравме личност што создава толку голем пристисок кај нашата сосетка“, порачува Николај Крстев.

Во емисијата „По острието с Калојан Константинов“, Крстев вели дека антибугарската кампања во Македонија се води единствено од медиумите на ВМРО-ДПМНЕ, а не од „владините“ медиуми, пренесува offnews.bg.

„По нашите потези со блокирањето на преговорната рамка, веројатно и тие ќе почнат. Едното ВМРО има потреба од гласови пред изборите во март, а на другото му требаат за да се собори владата на Зоран Заев“, објаснува Крстев за постојаните скандали што ВМРО (на Каракачанов, заб. прев.) ги создава во Бугарија.

Аналитичарот и новинар Николај Крстев исто така смета дека Бугарија го има најголемиот интерес Западен Балкан да се интегрира во ЕУ, а всушност постојано го блокира тој процес.

„Од тоа произлегува дека работиме во полза на Пекинг и Москва, а против Брисел и себеси“, смета Крстев.

Според него, проблем е кога внатрешната политика се претвора во меѓународна.

„Штом Косово и Србија се договорија да изградат автопат на Мирот и железничка линија, а војуваа до пред 20 години, зошто тогаш не би можеле Скопје и Софија? Но ако сепак ставаме вето – зошто за Македонија, а не и за Србија?“, прашува Крстев

Тој смета дека, на пример, крај на неубавиот спор за Гоце Делчев би можел да се стави со изградба на автопат меѓу Софија и Скопје, што би го носел името на трибунот.

Крстев вели и дека Бугарија спроведува патерналистичка политика кон Македонија, којашто многу наликува на односот на Русија кон Бугарија. Смета дека Договорот за добрососедство, така како што се користи во Бугарија, единствено ќе помогне на ВМРО-ДПМНЕ. Бугарскиот истакнат аналитичар, исто така, вели дека Бугарија треба да излезе од размислувањето дека аргументите на земјата се секогаш правилни и разбрани од сите.

„Договорот за добрососедство вели дека кај нас нема македонско малцинство. Тој вели и дека имаме заедничка историја. Вие да отидете само со тој договор во центарот на Скопје и да го покажете на луѓето – никој нема ништо да ви каже. Па зошто тогаш се караме? Што сакаме? Да го вратиме Никола Груевски на власт ли? Најжестокиот противник на Бугарија, Мицкоски, ли? Оти, на крајот, тоа ќе се случи. Бугарија треба да излезе од кругот на проценки дека нашите аргументи за Северна Македонија секогаш се правилни и дека сите не разбираат. Треба да водиме реалполитика“, порачува Крстев./ МЕТА

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ