• Latest
Добро утро со Орданоски

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“

July 7, 2020

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“

July 7, 2020 06:59
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Ова е една од лапидарните реплики на Заев на вчерашниот телевизиски дуел на МТВ. Тоа, се разбира, не е точно. Господинот Мицкоски разбира многу работи. Само што во оваа кампања реши да се занимава речиси исклучиво со својот директен опонент Заев – и со ништо друго, во каков било значаен обем, форма и количество.

Дали таквата стратегија – за што овде повеќе пати е анализирано – ќе даде резултат за изборен пресврт за опозицијата?

Сега, на една недела пред изборите, одговорот на тоа прашање вреди милион долари. Но, што друго и може(ше) да прави опозицијата во оваа кампања?

„Големите“ надворешнополитички теми за Македонија, што традиционално предизборно се дрндале на секои претходни избори триесет години наназад – НАТО, ЕУ, регион – се затворени или се одвиваат на толку убедлив начин за власта, што ги прави, практично, недопирливи за „напад“ од опозицијата.

Најважната внатрешнополитичка тема, пак – меѓуетничките односи – не успева да се „отвори“ на задоволителен начин за опозицијата ни со провокативните идеи на ДУИ за „премиер Албанец“, бидејќи таа контроверза се испоставува како многу повеќе внатре-албанско етно-политичко прашање за борба за гласови, отколку за, објективно, „проблем“ за целата политичка сцена. ВМРО-ДПМНЕ ни на оваа тема не може значително предизборно да авансира. Дури и нивниот предизборен предлог за „отворање“ на Уставот и за етно-идентитетска редефиниција на политичкиот модел на државата – иако исклучително опасна политичка идеја – поминува потполно „глуво“, како предизборна „петарда“ за која дури ни тие самите не инсистираат сериозно да се разговара.

Економијата и социјалата, пак, се турнати сосема во „втор план“, а и на тие теми аргументите и остварувањата на власта делуваат поубедливо, имајќи ги сите светски и домашни околности предвид, па дури и на ниво на тоа кој повеќе, евентуално, ќе излаже за „медот и млекото“ што се нуди да потече по улиците и сокаците во Македонија после изборите.

За епидемијата и состојбата на здравјето на македонските граѓани сите зборуваат загрижено и внимателно. Опозицијата, веројатно со право, решила од тоа да не прави предизборна драма, бидејќи и тие имаат „путер на главата“ за неспроведувањето на мерките, а разбираат дека е многу деликатно и рискантно, со оглед на целата глобална и регионална пандемиска ситуација, да се обидат на тие теми да градат предизборен рејтинг.

Останува состојбата со криминалот, корупцијата и испораката на правдата во државава, со сите големи ветувања и значајни потфрлања што ги направи власта во изминатите три години. Тоа – и, велам, речиси само тоа – е темата со која настапува опозицијата на овие избори. На таа тема се надеваат да ги добијат изборите. За тоа на Заев(и) треба да му се набијат рогови и да му порасне опашка во предизборната кампања. Затоа се сите сили (и пари и валкана пропаганда) фрлени на таа предизборна коцка, со примена на грди методи за лична и семејна дискредитација на лидерот на владејачката коалиција.

Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ и ова нивно присутно и отсутно раководство, од сите познати причини, се потполно некредибилни по темава, за да очекуваат дека на прашањата од доменот на правната држава ќе ја направат критичната изборна разлика со своите опоненти. Да повториме, во однос на ова, нив повеќе ги интересира кој нема, а не кој ќе гласа на избориве.

Тенка е таа стратегија, чија конечна проверка ќе се случи за пет-шест дена.

„Ништо не разбирате вие, г-дине Мицкоски!“… Разбира, разбира, само од таа кожа толку се може.

И овој телевизиски дуел отиде во корист на Заев.

 


Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.
Share107Tweet67Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ