• Latest

Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија

November 20, 2024
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија

November 20, 2024 11:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на три групации од т.н. проевропско мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) денеска треба да одржат нова рунда разговори во обид да најдат решение за деблокирање на процесот за избор на новата Европска комисија.

Првите луѓе на трите групи, Манфред Вебер од ЕПП, Ираче Гарсија Перез од СД и Валери Ајер од РЕ се состануваа во текот на целиот вчерашен дена, но сепак на последната средба одржана доцна синоќа на успеаја да постигнат конечен договор.

Застојот во постапката излезе на повидок минатата недела околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија. Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на сослушувања на секој од нив во вторникот, но трите „проевропски“ партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“. Покрај, на шесте кандидати за потпретседатели, на одобрување чека и номинацијата на Оливер Вархеји, кој е предложен за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните.

ЕПП уште во вторникот изрази резерви околу поддршката за актуелната министерка за еколошка транзиција на Шпанија, Тереза Рибера Родригез од СД, која е предложена за извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност. Неа и се забележува за несоодветна реакција при неодамнешните катастрофални поплави во Шпанија, а во овие критики предничи шпанската членка на ЕПП, Народната партија (ПП), која викендов дури најави дека нема да го поддржи изборот на новата Европска комисија, доколку дел од неа биде и Рибера Родригез. Ова беше оценето како обид за префрлање на политичката криза од Мадрид во Брисел, а во исто време шпанските владејачки социјалисти ја обвинија опозициската ПП за „антипатриотско“ однесување.

На резервите на ЕПП, СД одговори со најава дека нема да ги поддржи номинациите на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и на Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ).

За да се деблокира изборот на новата ЕК, ПП му предложи на шпанскиот премиер Педро Санчез да номинира нов кандидат за шпански еврокомесар. ЕПП, сепак, засега не бара замена на Рибера Родригез, но инсистира таа да даде објаснување пред Парламентот на Шпанија, како и да се обврзе дека ќе поднесе оставка доколку се најде на суд под обвиненија за „лошо менаџирање со катастрофалните поплави“.

Сепак, извори од Европскиот парламент за бриселскиот портал „Еурактив“ изразуваат оптимизам дека е можно уште денеска да биде постигнат договор за излез од ќорсокакот со изборот на ЕК. Според истите извори, договорот ќе треба го зајакне единството на проевропското центристичко мнозинство во ЕП, кое со децении е предводник на политиката на ЕУ, иако во него нема експлицитно да и се забрани на ЕПП да соработува со екстремно десничарските групации.

Дополнително со пакет договорот веројатно на Вархеји ќе му биде одземена надлежноста за репродуктивните права и подготвеноста за пандемијата, на што инсистираат прогресивните сили во ЕП, а би се зголемиле и ингеренциите на парламентарниот Комитет за здравство и на Поткомитетот за одбрана.

Ваквиот договор би претставувал предизвик за СД, која би требало да ги прекрши своите „црвени линии“ најавени во текот на кампањата за јунските Евроизбори, дека нема да поддржи избор на тврдокорни десничарски кандидати на одговорни позиции во ЕУ. Но, за да „ја спасат“ Рибера Родригез, социјалдемократите најверојатно ќе мора да го поддржат изборот на Фито и Вархеји.

Извор на СД најавија дека на денешната средба нивната лидерка Гарсија Перез ќе изнесе предлог за „пакет договор“, кој потенцијално нема да го содржи нивното претходно барање на Фито да му бидат одземени дел од предвидените надлежности.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека шпанскиот премиер Санчез изминативе денови разговарал со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен со цел да обезбеди поддршка од ЕПП за изборот на Рибера Родригеза, а во замена СД да ја поддржи номинацијата на Фито.

Како дел од „пакет договорот“ се смета и денешната седница на шпанскиот Парламент, на кои Владата и пред се Рибера Родригез ќе одговараат на прашања на пратениците поврзани со владината реакција на поплавите во Шпанија, во кои загинаа најмалку 220 луѓе.

Исходот од денешната средба меѓу трите партии од проевропското мнозинство би можел да биде клучен за да се обезбеди избор на Европската комисија навреме, со цел таа да ја преземе должноста на 1 декември.

Уште од претходно за утре е закажано заседание на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, на кои треба да се изврши конечна евалуација на номинациите и да се прогласи процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен. Но, за да се случи тоа, треба да заврши постапката за одобрување на сите предложени членови на ЕК од страна на ресорните комитети на ЕП.

Сето ова е предуслов за исполнување на планот европратениците на 27 ноември, во рамки на пленарното заседание во Стразбур, да гласаат за избор на Европската комисија во пакет. За да биде избрана, новата Европска комисија треба да добие мнозинство гласови на пратениците што ќе гласаат.

Во пресрет на денешната средба на првите луѓе на ЕПП, СД и РЕ, поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди и екс-еврокомесарот за конкурентност и за внатрешен пазар, услуги, царина и даноци Марио Монти ги повикаа европските лидери да се откажат од ветата за именувањата на Фито и Рибера Родригез.

– Во време кога Европа се соочува со огромни предизвици и на Истокот и на Западот, се надеваме дека внатрешните тензии – особено меѓу традиционално проевропските групи, како Европската народна партија (ЕПП) и социјалдемократите – нема да ги засенат квалификациите на Тереза Рибера и Рафаеле Фито, наведуваат во заедничка изјава Проди и Монти, инаку и двајцата поранешни италијански премиери.

Според нив, користењето на процесот за избор на Европската комисија за домашните политички пресметки, само го поткопува кредибилитетот на ЕУ и претставува ризик за продлабочување на поделбите, кои потенцијално „би го загрозиле вториот мандат на Урсула фон дер Лајен како претседателка на Комисијата“.

– Таквото сценарио ќе ја направи Европа предмет на глобален потсмев во време кога геополитичките промени, особено во САД, бараат посилна и пообединета Европа, истакнаа Проди и Монти, изразувајќи надеж дека „во овој критичен момент кај сите ќе преовладува чувството на одговорност“.

Извор МИА

Фото: МИА Архива

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ