• Latest

Нов сет мерки по првомајските празници, анализите во тек

April 22, 2020

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Нов сет мерки по првомајските празници, анализите во тек

April 22, 2020 20:40
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Не би сакал да прејудицирам со следниот сет мерки заради тоа што сепак тоа не е само прашање на политичката волја на Владата. Сите одлуки кои ги носиме се базираат на препоракитре на струката, на епидемиолозите, и на Комисијата за заразни болести, изјави премиерот Оливер Спасовски на денешната онлајн прес – конференција.

Тој потсети дека пред некое време најавил оти ќе се започнеме со олабавување на мерките по првомајските празници и тој став практично е став на Владата што значи носење на мерки кои полека, но сигурно ќе го враќаат животот во нормала.

-Тоа нема де биде одеднаш, тоа нема да биде сега и веднаш, туку мерки кои во ниту еден момент нема да придонесат да ни се врати пандемијата. Нема да придонесат да го загрозиме здравјето и животот на луѓето. Така што, денеска ги донесовме овие мерки кои се комбинација – носење на заштитна опрема визави зголемувањето на број на часови во кои ќе можат граѓаните да се движат. Не би сакал да прејудицирам со следниот сет на мерки заради тоа што сепак не е само политичката волја или на владата. Нашите мерки, сите одлуки што ги носиме се базираат на струката, се базираат на епидемиолозите, се базираат на Комисијата за заразни болести. Така што, правовремено ќе ги анализираме сите предлози кои ќе дојдат од Комисијата и врз основа на тоа чекор по чекор ќе ги носиме мерките. Единствено што треба да знаат граѓаните е дека секоја одлука што ќе ја донесеме ќе биде во интерес на граѓаните и државата, секоја одлука што ќе ја донесеме ќе биде во интерес на заштита на здравјето на граѓаните, изјави Спасовски запрашан дали се размислува по првомајските празници и за отворање на граничните премини и аеродромите.

Во однос на мерките во делот на економијата и проценките на ММФ дека годинава не чека пад од 4 проценти, а следната раст на економијата од 7 отсто, Спасовски појасни дека приоритет на Владата во оваа криза се здравјето и животот на граѓаните, но исто така е важно да се помогне и во делот на економијата, да се помогне на компаниите, и на работниците да ги сочуваме работните места.

– Никаде во светот во државите не е прашање дали ќе има пад на економијата. Тоа е сосема нормално во едни вакви услови. Прашањето е да се преземат мерки кои ќе помогнат во овој момент на економијата и ќе ја доведат, би рекол жаргонски, во низок старт за да може во одреден момент да стартуваме и да имаме добра економска соработка. Ние соопштивме веќе дека побаравме поддршка од ММФ, ја добивме таа поддршка значителна, така што и на секој можен начин ќе се трудиме да обезбедиме што е можно повеќе финансиски средства што ќе ги насочиме токму во тој дел на реализација на важни капитални инвестиции заради тоа што тие придонесуваат за поттикнување на економската активност, да се осигура јавната и приватната потрошувачка во овој момент тоа е многу важно, рече Спасовски.

Тој информира дека денеска преку конференциска врска разговарал со директорот на ЕБОР, за линиите, за пакетот за солидарност којшто тие го нудат како поддршка на проекти и на локалните самоуправи, на локалните заедници. – Како Влада сме определени да можеме да искористиме се што треба да се искористи во делот на поддршка на Буџетот, поддршка на државата, на развојот на се што е економија и поддршка на граѓаните, рече премиерот Спасовски.

За тоа дали државата прави анализи за загубите во туризмот и кои се плановите, Спасовски истакна дека туризмот е една од гранките која е најмногу погодена од кризата и генерално тоа ќе се однесува и за цела туристичка сезона и најави нов сет мерки кои ќе ја опфатат и оваа економска гранка заради намалување на претрпените штети од корона кризата.  .

-Ние утврдивме два сета на мерки. Во првиот економски сет беа вклучени сите компании кои што се занимаат со туризмот за да може уште од самиот почеток да имаат можности за обезбедување финансиски средства за ликвидност. Вториот сет мерки може да го користаст сите компани без разлика од која индустрија доаѓаат, а ќе може да ги користи и туризмот. Се прави анализа на секоја од гранките, на секоја од индустриите. Секако дека најверојатно ќе има потреба за носење нов сет мерки, меѓутоа посебно ќе  треба да се носат и нов сет мерки кои ќе значат поддршка на туризмот, односно како и на кој начин да ја намалиме штетата која ќе ја претрпи оваа индустрија. Влада ќе направи се што треба за да помогне на компаниите и граѓните во наредниот период, посочи премиерот Спасовски.

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ