• Latest

Новата партија „Продолжуваме со промени“ победи на парламентарните избори во Бугарија

November 15, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новата партија „Продолжуваме со промени“ победи на парламентарните избори во Бугарија

November 15, 2021 10:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Новата бугарска партија „Продолжуваме со промената“(ПП), која беше создадена на бранот масовни протести против корупцијата, освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори, покажуваат резултатите врз основа на обработените анкети.

Според 42 отсто од обработениот избирачки материјал во Бугарија, оваа партија освои 26 насто од гласовите, значително повеќе од очекуваното, а на второ место е коалицијата на ГЕРБ, на донеодамна владеачката партија на поранешниот премиер Бојко Борисов, која освои 21 отсто.

Партијата ПП, која пред неколку недели ја основаа дипломците од американски Харвард, Кирил Петков и Асен Василев , брзо доби широка поддршка од граѓаните со одлучните акции против корупцијата и ветувањата дека ќе обезбеди транспарентност во работењето на владата и ќе спроведе реформи во клучните области. „Гласав за продожување на промените. Гласав бидејќи сметам оти Бугарија може повеќе“, изјави вчера Петков.

Шанси Бојко Борисов да формира нова влада речиси и не постојат, бидејќи овогодишните истраги за корупција во време на неговиот мандат доведоа до тоа останатите партии да ја исклучат можноста за постизборна коалиција со партијата ГЕРБ.

Бугарите вчера третпат гласаа на трети парламентарни избори во 7 месеци, откако претходните два изборни циклуса ниту една партија не успеа да формира влада.

По неуспешното формирање на извршна власт по изборите во април и во јули, сега многумина се надеваа дека ќе се формира влада која може да ја изведе земјата од здравствена и економска криза.

Според досега пребројените гласови, во парламентот со 240 места, влегоа уште пет листи.

Меѓу нив се коалициите околу Бугарската социјалистичка партија, партијата на турското малцинство и антиелитистичка, популистичката партија „Има такви луѓе“.

Партијата Има такви луѓе, на телевизискиот водител Слави Трифунов, забележа значително полош резултат отколку на изборите во јули, исто така вонредни, кога го зазеде првото место. Аналитичарите пред гласањето оценуваа дека многу избирачи кои гласаа за оваа партија на јулските избори во меѓувреме се свртиле кон партијата ПП.

Во парламентот влегуваат и либералната коалиција Демократска Бугарија и националистичката партија Препород.

Конечните официјални резултати би можеле да бидат објавени дури за неколку дена.

Ако досегашните резултати бидат потврдени по конечното пребројување на гласовите, мандатот за формирање нова влада ќе го добие лидерот на партијата ПП, бизнисменот Кирил Петков.

Бугарите вчера гласаа и на претседателски избори кои немаат особено значење со оглед на тоа дека станува збор за претежно церемонијална функција.

Актулниот шеф на државата Румен Радев, кого го поддржува коалицијата околу социјалистите, има убедлива предност, но за вториот петгодишен мандат ќе се бори во вториот круг, бидејќи вчера не излегоа потребните 50 насто избирачи. Неговиот противкандидат на 21 ноември ќе биде универзитетскиот професор по книжевност Анастас Герџиков, поддржан од партијата ГЕРБ.

Право на глас имаат 6,7 милиони избирачи, а излезеноста беше околу 40 осто, што е пониска отколку на претходните избори.

На ниската излезеност влијаеше и фактот дека Бугарија се соочува со нов смртоносен бран на коронавирусот, односно со наглиот раст на бројот на инфицирани и починати. Бугарија минатата недела пријави најголем број починати како последица од Ковид-19 во еден ден од почетокот на пандемијата. Просечниот неделен број на смртни случаи во Бугарија достигна 24,13, додека во ЕУ изнесува 3,1. / DW 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ