• Latest

Нови содржини и „Поезија на пат“ на Струшките вечери на поезијата

August 20, 2019

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Нови содржини и „Поезија на пат“ на Струшките вечери на поезијата

Фестивалот оваа година ќе биде четиријазичен, односно покрај англиски и македонски јазик, главните читања ќе бидат и на албански и француски јазик. Најголемиот дел од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот YouТube канал

August 20, 2019 11:28
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Струшките вечери на поезијата ќе започнат утре, 21 август, со програма од 52 настани и 32 странски и 30 домашни поети.

Освен Струга како град домаќин,  каде ќе се одржат најголем дел од настаните, поетите во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе се претстават и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и Скопје.

Една од новините во фестивалската содржина е „Поетската порака“, а нејзин автор годинава е македонскиот поет Влада Урошевиќ. СО поетската порака и официјално ќе започнат Струшките вечери на поезијата.

Фестивалот оваа година ќе биде четиријазичен, односно освен на англиски и македонски јазик, главните читања ќе бидат и на албански и француски јазик. Најголемиот дел од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот YouТube канал.

Како новитет, „Струшки вечери на поезијата“ годинава преку повикот за волонтери, отвора можност за млади луѓе, вљубеници во пишаниот збор, да се ангажираат во логистичкиот дел на фестивалот и да добијат можност да се запознаат и да се дружат со врвни поетски имиња.

Фестивалските настани почнуваат утре во 10 часот со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 година, славната романска поетеса Ана Бландијана.

Гала-отворањето на „Струшки вечери на поезијата 2019“ ќе почне во 20:30 часот на платото пред Центарот за култура. Половина час подоцна на истото место ќе почне поетското читање „Поетски меридијани“.

Програмата следниот ден, 22 август 2019 година, ќе продолжи во 10 часот во хотелот „Дрим“ со Портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година. „Струшките вечери на поезијата“ ќе завршат во понеделник, 26 август со Меѓународно поетско читање во Музејот на современа уметност во Скопје.

Б. Ј.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ