• Latest

Нови униформи за Шумската полиција

April 28, 2021
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нови униформи за Шумската полиција

April 28, 2021 10:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По 12 години Шумската полиција добива нови униформи и чизми, се потпиша Колективниот договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во Шумската полиција и првпат се регулира правото за добивање додаток од 30 отсто. Ова се работи кои со години беа само на хартија и декларативно се промовираа, но сега стануваат реалност, истакнаа денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Николовски и Хоџа на прес-конференцијата во МЗШВ по повод набавката на новите летни и зимски униформи за Шумската полиција порачаа дека интензивно се работи на зајакнување на овој сектор кој е од исклучително значење за контролите со дивата сеча и за зачувување на природните ресурси.

Шумските полицајци ќе добијат по два сета зимска и летна униформа. Вредноста на набавката е 10 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на МЗШВ.

Во наредните денови униформите ќе бидат доставени до сите шумско-полициски станици во земјата.

-Лично, особено ми е драго што се реализираат процеси кои ги почнав како министер за земјоделство и кои сега, во континуитет и непрекинато се спроведуваат. Овие активности влијаат на зголемување на мотивираноста на шумските полицајци, како и нивната положба, со што ќе се придонесе и во борбата против нелегалната сеча и заштитата на нашите шуми, истакна Николовски.

Според него, Шумската полиција има клучна и важна улога во сузбивањето на организираниот криминал, односно организираните групи на дрвокрадци кои ги пустошат македонските шуми. Затоа е важна нејзината кадровска екипираност и подобрувањето на условите за работа.

-Борбата против корупцијата и владеењето на правото се стратешки приоритети на Владата, оваа битка ја почнавме, преземаме системски мерки и нема запирање. Ги вклучуваме сите институции во спроведувањето на системските мерки од владиниот План за борба против корупција. Отворивме широк фронт, меѓу кој и борба против нелегалната или дива сеча на дрва. Преземаме мерки и интензивно работиме на нов план за трансформација на претпријатието за шуми, за јакнење на инспекторите и за нов систем во кој не се можни злоупотреби, напомена вицепремиерот.

Тој потсети дека заедно со надлежните институции меѓу кои Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Шумската полиција и ЈП „Национални шуми“ е формирано Координативно тело за подготовка и спроведување активности и мерки за справување со нелегалната и неконтролираната сеча, како и за спречување на криминалот и корупција во шумарството.

-Преку зајакнати и интензивни контроли на терен, дигитализација на целиот процес на надзор, издавање документација, следење на дрвната маса и транспортот, ќе го намалиме ризикот од криминал и корупција и ќе го заштитиме нашето национално богатство-шумите, рече Николовски.

Министерот Хоџа пред доделувањето на униформите, рече дека се изработени согласно европските стандардни. Тој воедно потсети дека во ноември лани за Шумската полиција беа набавени и нови чизми, нешто што исто се реализираше првпат по 12 години. Неодамна, дополни, се потпиша и Колективниот договор со кој платата на шумските полицајци се зголеми за 30 отсто.

-Ние само ја спроведуваме нашата законска обврска кој подразбира да се обезбедат сите услови за безбедност и здравје при работа на нашите вработени. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен, а една од мерките за заштита од ризик на работното место е да имаат соодветна лична опрема – обувки и униформа, нагласи Хоџа, додавајќи дека му е многу драго што е токму денеска, на Меѓународниот ден за здравје и безбедност при работа.

Во Шумската полиција има околу 385 вработени, но постои потреба од дополнителен кадар. Оваа или следната година се можни нови вработувања

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ