Кoалицијата Маргини, Асoцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА и
Македонското здружение на млади правници ја поздравуваат одлуката на Министерсвото за
образование и наука и Собраниeто на Република Северна Македонија за носење на нов закон за
основно образование, а особено за внесување на одредби за заштита од дискриминација и
насилствo.
Здруженијата активно се застапуваа во Министерството за образование и наука за
внесување на одредби со кои експлицитно се забранува дискриминацијата во основното образование на сите основи, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Новиот Закон прецизира дека дискриминацијата е забранета во воспитно образовниот процес,
запишувањето, достапноста до услуги и придобивки, прилагодување и пристапност до и во
објекти, вработувањето, кариерното напредување и престанок на вработувањето, ученичкото
организирање, содржината на наставните програми и учебниците, управувањето и учеството во
органите и телата на училиштата, финансирањето на основното образование и која било друга област од основнот образование.
Здруженија сметаат дека новиот Закон за основното образование е значително унапреден во однос на заштитата од дискриминација и насилство во основното образование.












