• Latest

Новите „бомби“ се стари два дена

April 19, 2019

Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

June 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Израел ги пронајде телата на двајца мртви заложници од Газа во воена операција

June 12, 2025
Доналд Трамп од Центарот Кенеди им рече на новинарите дека на Американците им е советувано да го напуштат регионот. Фото: Скриншот од видео на ВВС.

САД повлекуваат дипломати и воени семејства од Блискиот Исток поради тензиите со Иран

June 12, 2025

Влада: Телефонска линија дава резултат, за три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози

June 12, 2025
Фото: Фејсбук на Генералштабот на вооружените сили на Украина

Руските загуби во Украина надминаа еден милион воен пресонал од почетокот на целосната инвазија

June 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Хуманитарната фондација Газа го обвини Хамас за убиство на повеќе хуманитарни работници

June 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Протестите се разгоруваат низ САД, Лос Анџелес воведува полициски час во центарот на градот втора ноќ

June 12, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Амбасадорката Дир се заблагодари на Изет Меџити и Владата за поддршката и учеството на 4-от Самитот „Украина – Југоисточна Европа“, во Одеса

June 12, 2025

Ова беше извинување – во колоквијална смислa, во реалноста, тоа беше прикривање

June 11, 2025

Напорот за одржливо пакување во Србија: Модел на циркуларна економија од приватниот сектор

June 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новите „бомби“ се стари два дена

April 19, 2019 14:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реакциите во јавноста по објавувањето на новите „бомби“ поставени на руска социјална мрежа ВКонтакте не стивнуваат. Дел од медиумите денеска пренесоа информација дека се објавени две нови бомби кои се однесуваат на комитетите на ВМРО-ДПМНЕ, како и на разговор меѓу Емил Стојменов и Јово Вангелов, актуелен претседател на Врховниот суд.

Овие снимки како и претходните четири кои вчера се проширија во јавноста, всушност, се објавени пред два дена на Јутуб каналот со истиот псевдоним Илија Громовник, но светлината на денот ја доживеаја вчера кога преку ВКонтакте беа споделени најмногу преку профили кои пропагираат бојкот на претстојните претседателски избори.

Ваквиот начин на објавување на дел од прислушуваните разговори преку анонимни канали не се случува прв пат. Истото се случи и во септември 2016 година два месеци пред одржувањето на парламентарните избори. И тогаш, како и сега, со објавувањето на прислушувани разговори, овој пат на само два дена пред одржувањето на претседателските избори со отвораат многу прашања. Кој сѐ ги поседува прислушуваните материјални освен истражните органи, уште колку од нив постојат а не се откриени и најважното, зошто тие се користат за пазарно предупредување пред избори?

Истовремено, мошне симптоматичен е и самиот факт што сето ова се случува во време кога се во тек и преговорите околу судбината на Специјалното јавно обвинителство, чие формирање се заснова токму на постоењето на овие снимки.

Она што секако нема да биде изненадување е можноста и во иднина да слушаме нови и нови прислушувани разговори, од проста причина што никој точно не знае кој сѐ ги поседува овие материјали. За потсетување, за разговорите кои протекоа во јавноста во септември 2016 година, а се однесуваа на политичката партија ДУИ, се велеше дека биле „продавани“ во Косово. Јавна тајна е и дека до неодамна истите можеа да се најдат на Бит-пазар.

Ниту една партија до сега не се огласи по повод објавувањето на последните „бомби“. Останува да видиме која е крајната цел на „анонимните“ рекетари.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Print Friendly, PDF & Email
Share54Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Не, не се разбираме расисту филип т. петровски

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Тошковски: Од 1 јануари трајно ќе се одзема возилото доколку се управува безобѕирно

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Доколку не се изгласа извештајот на Вајц на 24 јуни, тогаш не се проблем неколку стотини бугари во Уставот, туку посебниот вековит македонски идентитет и јазикот

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Приведен Александар Нацев, сопственикот на агенцијата која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Деветмина мртви во пукотница во средно училиште во австрискиот град Грац

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ