• Latest
Фото: архива МИА

О’Брајан: Северно Косово и заканите за отцепување во БиХ се најголемиот ризик за регионот

July 9, 2024
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Венецијанската комисија бара уставни измени и ограничување на мандатот на јавниот обвинител

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

О’Брајан: Северно Косово и заканите за отцепување во БиХ се најголемиот ризик за регионот

July 9, 2024 12:17
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: архива МИА

Фото: архива МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан изјави дека постои ризик на Балканот „некои локални битки да се претворат во политички пожар што ќе ги задржи државите во регионот“, пренесе Кликс.ба, пренесе МИА.Запрашан како гледа на безбедносната ситуација на Западен Балкан, О’Брајан рече дека регионот и припаѓа на Европа и „треба да оди напред“.

-Примарните ризици се во северно Косово и со заканите за отцепување во Босна и Херцеговина. Еден чекор што го направивме во текот на минатата година е дека НАТО е многу посилен и како примарна сила како дел од силите на ОН, КФОР, во северно Косово, но и како поддршка на ЕУФОР во Босна и Херцеговина, и мислам дека може да ги спречи малите локални банди да предизвикуваат насилство, мислам дека со тоа имаме можност за политички процес – тоа е дијалог, план за раст…, рече О’Брајан.

На прашањето зошто САД ја поддржаа транзицијата на косовските безбедносни сили кон стандардите на НАТО и зошто на Приштина и беше дозволено да набавува беспилотни летала, О’Брајан одговори дека Резолуцијата 1244 „воспостави политички процес за да се разговара за иднината на Косово“.

-Тој процес продолжи и резултираше со независност на Косово. Косово има право да ја брани својата територија. Тоа го прави во процес кој е транспарентен и во тесна соработка со меѓународните партнери за да ја обезбеди својата одбрана, но без да им се заканува на соседите. Мислам дека во целина е чекор кон стабилност во регионот и дека ќе продолжиме да даваме поддршка од САД, рече О’Брајан.

Коментирајќи го ќор-сокакот во дијалогот меѓу Белград и Приштина и одбивањето на премиерот на Приштина Албин Курти да разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ и да ја основа Заедницата на српските општини, О’Брајан рече дека е „многу јасно дека го поддржуваме напредокот“ со Унијата.

-Постојат околу 400 такви здруженија на општини низ Европа и мислиме дека ова ќе биде еден таков модел, рече тој.

Дијалогот, додаде тој, е дел од патот за решавање на загриженоста.

-ЕУ рече дека цената на движењето напред и за Србија и за Косово е целосно усогласување со дијалогот. Би забележал дека имаме и други алатки – воспоставување на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан обезбедува начин за соработка за работи како транзит на стоки преку граници, соработка за даноците, сите видови практични прашања кои треба да почнат да покажуваат придобивки за граѓаните и да ја покажат користа од соработката низ целиот регион, рече О’Брајан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    158 shares
    Share 63 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ