• Latest

Обештетувањето и интеграцијата на жртвите од трговија со луѓе и родовото насилство

November 4, 2019
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск основа нова политичка партија, ја нарече „Американската партија“

July 6, 2025
Тексашаните се соочуваат со последиците од поплавите Фото: Скриншот од видео на ВВС

Потрагата по исчезнати лица  во Тексас продолжува, во ненадејните поплави загина 51 лице, вклучувајќи 15 деца

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Fox News

Трамп вели дека Путин „сака да продолжи да убива луѓе“, сигнализира испраќање ракети Патриот во Украина

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обештетувањето и интеграцијата на жртвите од трговија со луѓе и родовото насилство

November 4, 2019 12:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Под итно треба да се обезбеди обештетување и интеграција на жртвите од трговијата со луѓето, се констатираше во денешната панел – дискусијата по повод одбележувањето на 70-годишнината на Советот на Европа посветена токму на оваа тема.

Претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова, која е коорганизатор на дебатата заедно со Канцеларијата на СЕ во земјава и Амбасадата на Франција, истакна дека бројот на жртви на трговија со луѓе во земјава рапидно расте. Таа како и францискиот амбасадор, заклучија дека Северна Македонија, има добра законска регулатива, но потребно е уште многу работа на ова поле. Рангелова потсети дека 80 проценти од жртвите на трговија со луѓе се жени искористени за сексуално ропство, а неретко жртви се и децата.

„Проблемот со трговијата со луѓе е многу важно прашање кое не ја засега само нашата држава туку треба да се решава на регионално и меѓународно ниво. Важно е да се идентификува дури и потенцијалната жртва на трговија со луѓе за да може да се превенира, но доколку има жртва потребно е со интерсекторска соработка и со домашните организаци и на регионално и меѓународно ниво да се спречи тоа дело. Важно е и тие што се жртви на трговија со луѓе да можат да се интегрираат во општествниот живот”, истакна Рангелова.

Советот на Европа е моралната совест на Европа и затоа посакуваат што позајакната улога на ова институција во спротивставување на секакво насилство врз жените како и поголема полова еднаквост, рече Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Тој посочи дека токму на овие теми многу посветено ќе работат и за време на француското претседавање со Советот на Европа.

„РСМ постигна значителен напредок на нормативен план затоа што државта ја ратификуваше Истанбулската конвенција што е многу важно прашање за постигнување поголема еднаквост меѓу мажите и жените и борба против секаков вид насилство врз жените. Претстои уште работа особено во поглед на донесувањето на законот за обесштетување на жртвите. И Франција секојдневно работи на воспоставувањето на нормите и нивното спроведување во пракса, затоа што во однос на реалната состојба, се уште постои одредена разлика меѓу напишаното во текстовите и состојбата на терен”, изјави Тимоние.

Дискусијата ја следеше и потпретседателката на Сенатот на Франција, Елен Конве-Муре, која денеска е во Скопје на средби со пратеници и првиот парламентарец Талат Џафери.

„Борбата против секаков вид насилство врз жените е борба која што ние ја водиме во Франција, но исто така и борба за еднакви можности“, реце Конве-Муре.

Тоа потсети дека е универзална борба која не обединува сите држави. Македонија ја ратификува Истанбулската конвенција и таа е во сила од 1 јули 2018 година, а претстои земјата да го донесе и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од насилни кривични дела, кое вклучува и обесштетување на жртвите на трговијата со луѓе. Овој закон го изработува работна група во Министерството за правда. До крајот на годината предлог законот треба да се испрати во Собрание за да ја добие подршката од мнозинството пратеници.

Арбен Зеќири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ