Обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му се заканувало на еден граѓанин од Вевчани, го легитимирало и ја фотографирало неговата лична исправа, за време на митингот под мотото „Создади нова иднина“, што партијата го одржа вчера, (24 октомври). Случајот е пријавен во полиција.
„Додека вмровците од Вевчани викаа „УА“ по Зоран Заев и никој физички не им се спротивстави, денес, нападнат е Танче Шекуткоски од страна на обезбедувањето на Мицкоски, затоа што е негов неистомисленик и му викна МРШ на собирот на ДПМНЕ. Обезбедувањево му ја зеде личната карта и му ја слика, па потоа му се закануваше. Уште недојдени на власт, на нероден Петко капа му кројат. Режимот тропа на врата, но никогаш повеќе нема да се врати! Одамна е завршено времето на закани и уцени“, стои во реакцијата на Воислав Попески од СДММ Вевчани.
„Дотичниот Христијан Мицкоски вечерва (24.10.2021) дојде во Вевчани за преку своето обезбедување да врши притисок и закани кон неистомисленици! Во центарот на Вевчани бевме сведоци со какви методи владееше режимот 11 години и дека не се промениле за милиметар. Матрицата на ДПМНЕ не се сменила. Напротив, желбата за власт и лична корист пораснала уште повеќе“, истакнаа од СДСМ Вевчани.